Некои плус-сајз девојки постојано се соочуваат со ситуации во кои некои луѓе им се потсмеваат поради нивниот изглед.
А вистинска табу тема е како изгледа сексот со нив. Блогерката Чејен реши да го прекрши молчењето да стави крај на тоа. Taa е од Тексас и на својот блог исклучиво зборува за сексуалноста на покрупните жени како и за она што плус-сајз девојките очекуваат во креветот од своите партери и што чувствуваат.
„Тие претпоставуваат дека мораме да имаме секс, ако веќе го правиме тоа, со маица и изгаснати светла. Некои од нас тоа и го прават, но тоа не се однесува на сите нас. Некогаш ужасно се плашев да му дозволам на партнерот да ме задоволи со орален секс бидејќи мислев дека од неговиот агол изгледам како чудовиште Затоа ги криеме нашите тела, се криеме под јорганите и ги одбиваме повеќето пози.“ вели оваа девојка на нејзиниот блог.
„Но вистината е дека нашите партнери точно знаат како изгледаме и не посакуваат. Не поради изгледот туку затоа што ги привлекуваме. Мене токму разголените селфи фотографии ми помогнаа да ја прифатам својата сексуалност и сега сум подготвена да ја споделувам со другите“, вели оваа блогерка. Токму затоа и започнала со нејзиниот блог како би придонела и би ги инспирирала и другите плус-сајз девојки да се прифатат себеси.
„Тоа салцето над колковите од кое се срамите? Па покажете го гордо на својот партнер. А на оној на кој тоа не му се допаѓа, тој не ве заслужува. Нашите тела имаат неверојатна способност да примаат и праќаат нежност и задоволство, и тоа без разлика на тоа колкава количина на масти имаме во телото. И без разлика дали сте слаба или жена со облини, заслужувате задоволство како и секоја друга жена“, заклучува оваа прекрасна дама.
Што мислите вие?
Извор: dailymail.co.uk