Сезонава особено се радуваат оние што ги сакаат пастелните нијанси
Покрај црвената, смарагдно зелената и жолтата боја оваа сезона во „street style“ приказните многу често можеме да ги забележиме и неодоливите пастелни нијанси. Од пудресто розовите нијанси кои никако да го напуштат тронот (тие се уште се на самиот врв меѓу трендовите!), па се до бебешката сина и пеперминт зелената кои исто така се привлечни. Но она по што најмногу се разликува оваа сезона од останатите е што овие нијанси сега најмногу ги гледаме на плетени џемпери, а одлични варијанти пронајдовме во продавниците на познатиот хај-стрит бренд H&M. Во продолжение погледнете како девојките ги носат овие популарни модели, но и отворете ја галеријата со најдобрите парчиња во пастелни нијанси од познатиот шведски бренд H&M кои можете да ги порачате и преку нивната интернет продавница.
види повеќе » |