БизнисДијаспора

Плати до 3000 евра, а пензиите фантазија во однос на македонските – многу млади се селат тука

Колкава ќе ви биде пензијата доколку работите во Хрватска?

Advertisement

Колкава пензија ќе зимаат работниците во Хрватска зависи од висината на платата која што ја имале во текот на кариерата.

Оваа сума денес секој може да ја премета со помош на калкулаторот кој е достапен на веб страницата „МојаМировина.хр“ со која управува централниот регистар на осигурениците (REGOS).

Advertisement

Со помош на овој калкулатор може да ја процените својата идна пензија на основа на години на работен стаж, платите и состојбата на личната сметка во вториот столб од пензијата.

Принтскрин/ Јутуб

Три сценарија

Пресметката е направена хипотетички, според лице кое денес има 45 години, 20 години работен стаж и планира да оди во пензија кога ќе наполни 65 години. Еве колкава би можела да биде неговата пензија, но според пресметки кои се направени според три сценарија – за лица со примања под просекот во текот на кариерата, а потоа и за оние со просечни и над просечни примања.

Advertisement

Па така лице кое во текот на целиот свој работен век примал бруто плата во износ од 70 % од хрватскиот просек, под претпоставка дека на сметката во вториот столб има заштеда од околу 15.000 евра, може да очекува комбинирана пензија од првиот и вториот столб во вкупен износ од 687 евра (или околу 42.000 денари).

Ако истото лице одлучи од сега, па се до пензија да уплаќа и во третиот столб, по 100 евра месечно, тогаш пензијата ќе му биде 811 евра.

Од друга страна за лице со бруто плата еднаква на хрватскиот просек, проценетата пензија, ако претпоставиме дека на личната сметка од задолжителните пензиски фондови им околу 23.000 евра, на 65-годишна возраст би му изнесувала 890 евра.

Но доколку од овој момент реши да штеди и во третио столб, тогаш пензијата би му била нешто над 1.000 евра.

Оние што примале плата 130 % повисока од просечната бруто плата во текот на својата кариера, тогаш пензија би им изнесувала 1159 евра, а ако во третиот пензиски столб уплаќаат дополнителни 100 евра месечно, тогаш на 65 години според овие пресметки пензијата би била 1.283 евра.

Фото: Фрипик

Многу наши работат во Хрватска

Инаку, Хрватска во последно време станува се поинтересна и за нашите граѓани кои заминуваат на сезонска работа во оваа земја.

Платите се многу повисоки, а за повеќето работи се нуди сместување и храна така што многумина можат и да заштедат.

Па така постојат многу огласи каде се бараат готвачи и келнери, а платата е 2000 евра, односно 1200 евра, а можат да бидат и повисоки.

Од овие причини многу наши сограѓани во текот на летните месеци заминуваат да работат во Хрватска, а има и многу што веќе се преселиле и живеат во оваа земја. И тоа од сите професии, па дури и високо квалификувани работници, а како што велат некои од оние што веќе заминале, во Хрватска не само што платите се поголеми, туку и работат еден ден помалку, за разлика од тука.

„Во Хрватска не работиме нон-стоп, односно се работи минимум еден ден помалку во неделата отколку во Македонија. И затоа погледнете ги продавачките во нашите маркети, сите се истоштени од напорната работа. Работат како робови, а со платата одвај врзуваат крај со крај“, ни откри неодамна една наша сограѓанка која и оваа година ќе замине на сезонска работа во Хрватска.

Повеќе за ова прочитајте тука...

Бонус видео

Нешто што треба да го знаете за сеззонската работа

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button