Министерот Филипче и пеколниот план за намалување на бројот на луѓето на планетата Земја
Најбогатиот човек на планетата, пред неколку години, пред бројна публика најави дека има цел да го намали бројот на луѓето на планетата.
Неговата изјава тогаш шокираше многумина и придонесе некои теории на завери да ги сфатат малку посериозно. Но, некако сето тоа падна во заборав, барем во нашата земја, се додека не се појави нашиот министер Филипче со неговиот генијален план Македонија да биде една од петте земји која ќе влезе во проектот за вакцинирање спонзориран од – погодувате кој, нели?
Имено, на едно гостување на ТЕД конференциите од пред неколку години, најбогатиот човек на светот, Бил Гејтс, изјави:
„На планетата во моментот има околу 6.8 милијарди луѓе. Наскоро овој број ќе порасне на 9 милијарди. Ако успешно ја изведеме работата со новите вакцини, здравствениот систем и здравствените услуги за репродуктивно здравје, бројот би можел да се намали за 10-15%“ – изјави Гејтс пред бројната публика на ТЕД трибината поврзана со животната средина што можете да го видите во видеото што следува.
https://www.youtube.com/watch?v=6WQtRI7A064
Инаку, бројни теоретичари на завери досега имаат зборувано за тоа дека постои план за депопулација на планетата кој Елитата планира да го спроведе, но по оваа изјава која можете да ја слушнете и сами, и тоа од еден од најбогатите луѓе на планетата, во склоп на ТЕД (најпопуларните конференции на целиот свет!), можеби нема така лесно да ги отфрлите сите нивни луди теории.
Но, за нас посебно интересно е тоа што пред неколку месеци, непосредно пред да започне со кампањата за вакцините, нашиот министер за здравство Венко Филипче најави дека Македонија би можела да биде една од петте земји во светот (!) која ќе влезе во програмата на Бил и Мелинда Гејтс преку која ЦЕЛОКУПНАТА женска популација (види тука) од сите возрасни групи ќе биде вакцинирана со новата деветвалентна вакцина за ХПВ.
Според нив станува збор за вакцина која е одобрена од Светската здравствена организација и е против девет типови на ХПВ што се причинители на 92 проценти од цервикалниот карцином.
Тие посочуваат дека новата вакцина на Бил Гејтс е изум на 21 век (?) и дека таа индиректно штити од малигни заболувања, но, притоа забораваат да објаснат зошто, ако вакцината е одобрена од Светската здравствена организација и е докажано делотворна, токму Македонија да биде „само“ една од петте земји во кои ЦЕЛОКУПНАТА женска популација од СИТЕ возрасни групи ќе биде вакцинирана. Ова имплицира дека ќе стане збор за ПРИСИЛНА вакцинација, бидејќи во спротивно нема да има гаранции дека ќе се спроведе во толкав опфат како што е најавено, особено земајќи во предвид дека моментално вакцинацијата против ХПВ во Македонија е во опфат помал од посакуваниот.
Конкретно за ХПВ вакцината има големо незадоволство кај родителите, така што во просек ја примаат одвај половина од девојчињата од 12 годишна возраст. Е сега, се поставува прашањето како планираат да спроведат вакцинација на целокупното женско население, кога поради бројните несакани реакции од оваа вакцина во светот, родителите во Македонија одбиваат да ги вакцинираат своите деца со веќе постоечката ХПВ вакцина која е воведена во 2009 година како задолжителна за девојчиња на возраст од 12 и 14 години. Ова имплицира дека Филипче планира да воведе присилна вакцинација и воедно го наметнува прашањето дали актуелната кампања за имунизација на населението, што започна два месеци по најавите дека Македонија може да биде една од петте земји на светот кои ќе влезат во програмата на Бил Гејтс и неговата сопруга (по една земја од секој континент!) кои „бесплатно“ ќе ја добијат новата деветвалентна вакцина, е всушност само најава за она што треба да не очекува во најблиска иднина.
Покрај видеото што го постиравнме на почетокот, во кое Бил Гејтс убаво објаснува кои се неговите планови за депопулација на планетата, потполно оправдано е да се запрашаме дали Македонија треба да се „натпреварува“ за влез во оваа програма (притоа без воопшто да имплицираме какви се и дали ваквите вакцини всушност се дел од програмата за депопулација за која самиот Гејтс зборува во видеото).
Од друга страна, во овој контекст може да го споменеме случајот со Јапонија каде пред неколку години беше укината препораката за вакцинирање за ХПВ. Имено, Министерство за здравство на Јапонија во 2013 објави дека веќе не препорачува вакцина против рак на грлото на матката, и дека само оние млади девојки кои сакаат можат да се вакцинираат. Министерството исто така препорача дека пред да се донесе одлука треба убаво да се разгледаат предностите и последиците, а десетина години претходно, во 1993 година, потполно ги забрани тривалентни вакцини (!) за ММР и продолжи со користење на поединечни вакцини за мали сипаници, заушки и рубеола.
Што се случува кај нас?
Кај нас вакцините за задолжителни и со тоа за жал НЕ влегуваме во групата на развиени земји, како што сака да ни прикаже Филипче, туку во групата од пост-социјалистичкиот блок во која најчесто вакцините се задолжителни. На пример, во развиените земји како Австрија, Велика Британија, Данска, Естонија, Литванија, Луксембург, Германија, Норвешка, Финска и Шведска националните програми за вакцинирање се на ДОБРОВОЛНА основа.
Македонија за жал не е во таа група (кај нас се задолжителни сите вакцини!), па можеби сега е вистинското време да одлучиме дали треба да тргнеме по патот на овие земји или пак да го следиме примерот на Бангладеш, Индија, Авганистан, Пакистан и останатите неразвиени земји?!
Време е да кажеме СТОП на задолжителната вакцинација во Македонија!
И убаво да размислиме и детално да се информираме прво што значи тоа токму Македонија да влезе во петте земји во светот (по една од секој континент) во програмата на Бил и Мелинда Гејтс, како и какви би биле предностите, но и можните последици од нашето учество. Бидејќи, ако коза лаже, рог не лаже, а ние видеото што е погоре, не го измисливме! Ниту пак проблемите со вакцините. А богами ни министерот Филипче не е измислен, туку – реалност!
Целата конференција на Бил Гејтс можете да ја видите тука.
Робин Худ Џуниор