Реклама
Нега и здравје

Планот на др. Оз за постојана виткост и трикови за брз метаболизам

Реклама

Вежбањето веднаш штом ќе станете наутро и прошетката пред ручек го забрзуваат метаболизмот, додека легнувањето и станување во исто време на телото му дава ред кој му е потребен за нормално да функционира.

Маркетинг

Како што старееме метаболизмот се успорува, и тоа за околу 2 проценти на секои десет години, а тој негативен тренд започнува по дваесетите години.

„На пациентите метаболизмот им го опишувам како оган што го одржуваат калориите. Кога сте на ригорозни диети, оганот се намалува и затоа тие долгорочно не функционираат. Но некои активности, намирници и пијалаци го потикнуваат пламенот подобро да гори и ви помагаат да ослабнете“ – објаснува д-р Оз. Тој истакнува дека неопходно потребно е да се вежба, да се пие доволно вода и да се јадат вистинските намирници за да се справите со падот на метаболизмот.

Еден од најголемите непријатели на оптималната работа на телото е стресот. Тој го покачува нивото на кортизол во телото, а кортизолот ги задржува масните наслаги. Пробајте јога или некоја техника на медитација за релаксирање.

Маркетинг

Според истражувањата, луѓето кои подолго време престојуваат во затемнета просторија стимулираат исти физиолошки функции како кај луѓето што се дебелеат. Затоа искористете ги сончевите денови за да излезете во природа или за кратка, брза прошетка. Брзото одење ќе го забрза метаболизмот и тој ќе остане на тоа ниво на активност и неколку часа по шетањето.

Шолја зелен чај ја чува линијата

„За возрасните шолја зелен чај е одличен избор за одржување на линијата, но треба да се има во предвид  дека чајот не може да ја поправи штетатат која е предизвикана со неактивност и неред во исхраната“, вели диетичарката и нутриционистка Оља Мартиниќ за хрватскиот портал 24sata.hr.

Шолја зелен чај го забрзува метаболизмот

Кога зборувам за забрзување на метаболизмот, а скоро секогаш сакаме да го забрзаме за да ја постигнеме посакуваната тежина, потребно е да се разгледаат сите факти. Една третина е генетиката, една третина исхраната и една третина е активноста. Доволните количини вода ја покренуваат активноста во организмот,  но за долгорочни резултати кон проблемот треба да се пристапи од сите страни“, вели нутриционистката Мартиниќ.

Се препорачува да се пие и жолт чај кој позитивно делува на метаболизмот. Со чаевите треба да внимаваат хронично болните и младите.

„Метаболизмот се успорува со годините и мој совет е да се прилагодите. Препораките за дневен енергетски внес во табелите се однесува на 35 годишници, а за секои наредни 10 години тој внес треба да се намали за 10%. На пример, ако ви се препорачува да внесувате 2000 калории, за 10 години оваа цифра треба да се намали за 200 калории. Но, повеќето луѓе продолжуваат со исто внесување на калории, па доаѓа до метаболички синдром кој што можете да го спречите само со намалување на калориите во договор со нутриционист“, објаснува Оља.
Доколку мислите дека метаболизмот ви е успорен, тогаш посоветувајте се со нутриционист.

Намалете го алкохолот што е можно повеќе

„Алкохолот е еден од виновниците за успорување на метаболизмот“, предупредува нутриционистката Мартиниќ. Кога на успорениот метаболизам ќе му ги додадете и калориите кои што ги носи алкохолт, тогаш резултатот е – зголемување на килограмите!

Честите оброци можат да предизвикаат и несакани ефекти

„Многу често за слабеење и за забрзување на метаболизмот се препорачува грицкање помеѓу оброците. Распоредот на оброците е честа тема и во стручните кругови. Јас се приклонувам кон ставот дека пречесто јадеме и го „малтретираме инсулинот“. Секогаш кога ќе изедеме нешто, во крвта се лачи инсулин. Ако јадеме на секо два часа, тогаш и инсулинот ќе се лачи многу често во крвта, што може да предизвика контраефект, односно дебелеење. Често хранење им е потребно само на бебињата, децата во равој и луѓето со извонредно високо ниво на телесни активности, како што се професионалните спортисти и оние кои што работат тешки физички работи, како и луѓето со одредени заболувања. За сите останати, потребно е да поминат 4-5 часа помеѓу оброците за организмот да има доволно време да ја свари храната, но и да се одмори телото“, вели нутиционистката.

Грицкајте овошје, заборавате на благите работи

Храната богата со шеќер го успорува метаболизмот и затоа е најдобро да се замени со поздрава варијанта, како што е свежото овошје или темното чоколадо. Но, повремено можете да си го дозволите и омилениот десерт без да имате негативно влијание на планот за слабеење.

План за забрзување на метаболизмот

6:30 Станувате од кревет и право на вежбање

„Разбудете се 10 минути порано и вежбајте јога. Доволно е да направите два-три поздрави на сонцето за да го раздвижите вашиот метаболизам“, советува популарниот д-р Мехмет Оз.

06:40 Пред појадокот напијте се вода

Откако ќе завршите со вежбањето, напијте се вода. Обидете се да испиете половина литар. За телото да функционира, никако не смеете да дехидрирате, а доколку пиете вода наутро, можете да го забрзате метаболизмот и за 30 отсто во наредниот час.

07:00 Појадок богат со белковини

„Првиот оброк во денот нека биде богат со белковини. За да се сварат белковините потребно е до седум пати повеќе енергија откако за варење на маснотиите и јаглехидратите“, објаснува Оз.

08:00 Будење со прво кафе

И кофеинот го забрзува метаболизмот, а студиите покажаа дека кафето може да ја зголеми потрошувачката на енергијата за 16 отсто два часа откако ќе се испие.

10:00 Семиња богати со цинк

Време е за грицкање семки. Тие се богати со цинк,  а за него се верува дека го зголемува производството на лептин, хормонот кој го поттикнува метаболизмот.

11:15 Гуми за џвакање без шеќер

Џвакајте гуми за џвакање без шеќер бидејчи џвакањето му помага на телото да изгори 19 отсто калории повеќе за еден час, како што покажува истражувањето во списанието “New England Journal of Medicine“.

12:00 Прошетка пред ручек

„На пладне прошетајте се, но со појако темпо. Покрај тоа што ќе потрошите калории, со ваквата прошетка ќе трошите енергија и некое време по телесната активност“, објаснува Оз.

12:40 Зачинете го ручекот со нешто луто

Околу 13 часот време е за ручек. Во исхраната внесете лути зачини кои поради својот состав можат да го забрзаат метаболизмот и до 23 отсто.

14:00 Шолја чај

Како и кафето, зелениот чај го забрзува метаболизмот, но истражувањата покажуваат дека помага и во намалувањето на телесните маснотии, така што можете да симнете по некој сантиметар на половината.

17:00 Тренинг за сила

Со годините метаболизмот се успорува поради губењето на мускулната маса. Затоа направете два до три тренинга за сила по половина час во текот на неделата. Во вежбите внесете чучњеви, склекови и исчекори.

18:30 Време е за вечера

По тренингот, време е за вечера. За да подготвите вкусно јадење, а притоа и да го поттикнете метаболизмот, наместо обично употребете масло од кокос.

18:55 Млечен производ со вечерата

Навечер изедете некој млечен производ бидејќи калциумот во млечните производи помага во борбата против масните наслаги. Нека изборот биде свежо кравјо сирење или јогурт.

22:30 Добра ноќ

Неправилниот ритам на спиење и премалку сон можат да го успорат метаболизмот и на тој начин да предизвикаат дебелеење. Затоа легнувајте си секој ден во исто време и спијте седум, осум часа.

Извор. 24сата.хр

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button