Реклама
Новости

Македонски планинар загина искачувајќи се на највисокиот врв на светот

Реклама

63-годишен планинар од Македонија загина на Монт Еверест

Порталот The Himalayan Times денес јави дека македонскиот планинар Георги Петков (63) загина при искачување на највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8848 метри) според официјалните претставници на базниот камп. Тој беше дел од експедицијата предводена од британскиот планинар Тим Моусдејл кој изјави дека во тек се подготовки за спуштање на неговото тело во еден од пониските логори. Георги почина од срцев удар при искачувањето на последната точка непосредно пред врвот, изјави за порталот ТНТ, Ками Нуру Шерпа, менаџерот на базниот логор. Покрај него, сериозно е повреден и еден алпинист Шерпа откако бил погоден од карпи што паѓале, во близина на кампот II.

Маркетинг

Инаку, Георги Петков е доктор од Гевгелија и беше единствениот Македонец во меѓународната експедиција за освојување на највисокиот врв на светот.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button