Блог
Поетот Владимир Мартиновски напиша песна за Калина Велевска
Advertisement
Професорот и поетот Владимир Мартиновски на Фејсбук сподели песна што ја посвети на Калина Велевска, младата планинарка што загина качувајќи се на врвот Кајмакчалан.
ПЛАНИНА ОД ЦВЕЌЕ
На Калина Велевска
Advertisement
На
работ
од градот
расте планина
од цвеќе.
Си
подаваме
тажни букети,
икебани, венци, китки,
кои
од рака
до рака се селат
Advertisement
како
вреќи со песок
кон надојдена река.
Ружи,
гербери,
мимози, кали,
лалиња се селат
и си седат на твојата
планина која расте ли расте.
Песната на Фејсбук можете да ја најдете тука >>
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement