Славниот доктор Мехмет Оз објаснува дека во текот на летото често се соочуваме со недостаток на енергија поради што сме исцрпени, троми и поспани, а тоа најчесто е последица на дехидратација на организмот.
Треба да се погрижиме да го снабдиме телото со течности, и затоа најдобро е уште наутро, на празен стомак да испиеме чаша вода со лимон, со што исто така ќе внесеме и витамини.
Ако ви треба кофеин, пијте зелен чај
Ако наутро ви треба кофеин, обидете се да го замените кафето со зелен чај, кој претставува совршена комбинација на кофеин и хранливи материи, што ќе ви помогне да се справите со стресот во текот на денот.
Јадете краставици и целер за хидратација на организмот
Докторот вели дека изгубените течности можете да ги надоместите и со храна со висок процент на вода како краставици, домати, целер, ротквици и пиперки, кои едноставно можете да ги додадете во салатата која ја јадете со ручекот.
Падот на енергијата во попладневните часови може ефикасно да се спречи со природни намирници, како на пример со чипс од кокос кој ќе ве снабди со здрави масти и масла кои се добри за мозокот.
Ако сте уморни, јадете киви
Ако во текот на денот се чувствувате уморно и исцрпено, многу ќе ви помогне ако изедете едно киви. Едноставните шеќери веднаш ве снабдуваат со енергија. Кивито содржи два пати повеќе калиум од бананата и два пати повеќе витамин Ц од портокалот, а исто така содржи и 2,5 грама влакна, ја забавува апсорпцијата на шеќер, ви дава долготрајно чувство на ситост и спречува пад на енергијата.
Само два плода киви на ден ќе ви ја обезбедат потребната енергија да ги издржите сите предизвици во текот на денот, вели д-р Оз, и порачува да се јаде киви за појадок или како освежителна претпладневна ужина. Исто така, за поголем енергетски допинг на кивито можете да му додадете матча во прав. Тоа е врста на зелен чај која се смета за едно од најсилните природни средства за зголемување на енергијата, а благодарение на изобилството антиоксиданси, исто така го штити црниот дроб и бубрезите. Затоа, доктор Оз препорачува попладневното кафе да се замени со чаша смути во која ќе додадете една мала лажичка матча чај.
За што е добро кивито?
#1. Го чува видот – содржи лутеин кој помага при филтрирањето на штетното сино светло, што ги спречува болестите на окото поврзани со стареењето.
#2. Го зајакнува срцето – со внесувањето на диетални влакна се намалува количината на холестерол, што го намалува ризикот од срцеви заболувања.
#3. Го зајакнува имунитетот – содржи повеќе витамин Ц од портокалот, го зајакнува имунитетот и спречува разни видови на инфекции.
#4. Го регулира притисокот – содржи повеќе калиум од бананите, а калиумот е заслужен за здравјето на крвните садови и контролата на крвниот притисок.
#5. Спречува појава на акни – содржи голема количина на витамин Е чиј недостаток во комбинација со лоша исхрана може да доведе до појава на акни на кожата.
Овесна каша за појадок
За да не се чувствувате гладни во претпладневните часови се препорачува појадокот да содржи протеини и влакна. Можете да јадете на пример јајца на око со овесна каша или јогурт со боровинки. Влакната го забавуваат варењето, а во комбинација со нив протеините заситуваат, така што ќе изедете помалку, а истовремено ќе обезбедите високо ниво на енергија.
Започнете го утрото со овесна каша заблажена со црна меласа. Меласата е природен и здрав засладувач богат со железо, магнезиум и калциум, а д-р Оз посебно ја препорачува на жените кои страдаат од анемија, која предизвикува чувство на умор и ниско ниво на енергија.
Домашни плочки за зголемување на енергијата и спречување на прејадување навечер
Овие енергетски плочки се многу делотворни за справување со исцрпеноста и падот на концентрацијата во попладневните часови. Состојките кои ви се потребни за да ги направите се: една шолја варен овес, 1/3 шолја суви вишни, 1/2 шолја путер од кикиритки, 3 лажици мед и 1 лажица екстракт од ванила.
Измешајте ги убаво сите состојки во соодветен сад и распоредете ја добиената смеса рамномерно во тава за печење. Оставете да стои во фрижидер околу 2 чаша и потоа исечете на плочки. Количината е доволна за една недела. Чувајте ги во фрижидер и по ручекот изедете по една плочка.
Зголемете ја енергијата со дишење
Стресот го забрзува дишењето, што може да го намали дотокот на кислород во мозокот.
„Кога ќе почувствувате дека снемувате енергија, ставете го врвот на јазикот на горните заби и земете воздух преку носот броејќи до четири. Задржете го воздухот броејќи до седум па издишете кога ќе изброите до осум”, советува д-р Оз.
Извор: Zdrava krava