Рецепти

Француска пита со кромид

Advertisement

Овој рецепт го позајмуваме од француската кујна, каде покрај славната супата со кромид, се наоѓа и оваа пита.

Advertisement

Французите навистина измислиле одлични начини да го искористат кромидот како главна состојка во јадењата, а не само како спореден додаток. Најубавото од сé во врска со оваа пита е тоа што е премногу вкусна, а нема да ве чини многу пари. Рецептот го пронајдовме на сајтот Food republic.

Потребни состојки:

–    лиснато тесто
–    килограм црвен кромид исечен на тенки кругови
–    2 јајца
–    Свеж тимијан
–    5 листови сланина исечени на коцкички (може и без неа)
–    2 лажици маслиново масло
–    ½ шолја павлака за готвење
–    2 лажици путер
–    Лажичка сол
–    Мелен бибер

Advertisement

By: Hungry Dudes

Подготовка

Вклучете ја рерната да се грее на 190C.
Во една поголема тава ставете го путерот да се растопи, па на него пропржете ги коцките сланина. На сланината додадете го тимијанот и кромидот и динстајте додека кромидот потполно не омекне и не се карамелизира. За ова ќе ви биде потребно околу половина час динстање на средно силен оган. Кога ќе биде готов кромидот, оставете го да се олади.
Во еден помал сад измешајте ги јајцата и павлаката, додадете го кромидот и сé заедно зачинете со свежо мелен бибер.
Во една округла тава или огноотпорен сад ставете го лиснатото тесто, убаво обложувајќи го садот, избоцкајте го со виљушка, па прелијте го со претходно подготвениот фил.
Печете во рерна околу 35 минути.
Наместо сланина, можете да ставите шунка, пиперка, тиквички, или да не ставате ништо.

Добар апетит!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button