Ова писмо е упатено до тебе,
До тебе која имаше напорна недела, ти која се чувствуваш невидливо, што имаш многу пријатели, но сепак се чувствуваш осамено. Ти која имаш потреба барем за миг да застанеш и која секогаш се чувствуваш во несигурни раце. Ти која секое утро посакуваш да не се разбудиш, што сѐ уште немаш преболено некои сакани личности. Ти која самата себеси за обвинуваш за сѐ.
Запамети дека ти си неверојатна и овој свет го правиш поубав. Затоа никогаш не престанувај да бидеш љубопитна, имаш многу потенцијал и уште многу работи кои треба да ги направиш. Без оглед дали станува збор за ситници или големи достигнувања – направи ги! Понекогаш толку сме преокупирани со своите мани, при што забораваме на своите доблести кои залудно ги трошиме на ништо. Секогаш имаш доволно. Не мораш секојдневно да се фокусираш на стравот – направи барем една работа во денот која те исполнува и која те прави среќна. Не мора тоа да биде нешто големо, доволно е да се насмевнеш и другите да ти се насмевнат тебе. Ти си прекрасна. Секој дел од тебе е незаменлив.
Можеби мислиш дека сето ова е едноставна глупост, но верувај дека никој на планетава Земја не е како тебе. Ти си драгоцена. Престани да мислиш дека секојдневно треба да поместуваш планини за да ја докажеш својата вредност. Понекогаш сѐ што треба да направиш е да ги отвориш очите. Ти ја заслужуваш сета среќа. Ти си доволна на себе.