Момче, ти што ќе се ожениш со мојата ќерка,
Се молев за тебе денес, како што тоа го правам секој ден. Се прашував како ќе изгледаш и кој би можел да бидеш. Се прашував како ќе ни се поврзат патиштата. Биди силен и соочи се со искушенијата. Чувај го својот ум од привлечности и заведувања. Живееме во свет каде што сѐ почест е сексуалниот грев. Каде што се бришат границите помеѓу верноста и љубовта.
Стојам во празнина и го молам Бог да ти даде сила, до денот која ќе ја земеш твојата невеста. Одбери мудро. Работи напорно. Забавувај се. Не грижи се премногу. Верувај во Бог и дозволи му да ги постави работите во совршено време. Јас одгледувам ќерка која ја разбира вредноста на трпението и вистината. Ја учам да биде силна и топла жена. Ја учам на тоа дека внатрешната убавина има голема вредност и дека надворешната убавина не мора да биде во склоп со неа. Ѝ покажувам како изгледа верноста и тоа со свој пример.
Нека ве чува Бог. Избирајте правилно додека не ви се соединат патиштата.