„После ‘На Крајот Од Светот’ , Пиратскиот бренд можеби не би бил избор на критиката, но нема никаков сомнеж во тоа каков би бил одзивот кај публиката. “
После направени 2,5 милијарди долари од првите 3 дела, четвртиот дел му доаѓа како логичен след ( според Holywood – ските начела за работа ) .
Уште на саемот на Disney во 2008г. , Johnny Depp најави дека со сигурност ќе има и четврти дел од Пиратската сага, иако не се знаеше никаков детаљ околу тоа.
Гласините кои беа почнале да се шират водеа во насока, луѓето да се запрашуваат дали ова ќе биде серијал на Depp во стилот на Indiana Jones, или по некое време актерот ќе ја препушти главната улога на некој друг пират.
А таквото нешто ( излегување на Depp од серијалот ) за малку и стварно ќе се случело. Кога еден од директорите на Disney, Dick Cook дал оставка, смената на Depp била доста можна. Затоа што тој бил оној што го ангажирал уште првиот пат.
Но за среќа на сите фанови на Johnny Depp, и по оставката на Cook, ѕвездата на филмот решил да го сими и овој четврти дел ( затоа што никој немал сомнеж во потенцијалот, пред се комерцијален ) . Па така сега сите фанови на Jack Sparrow можат мирно да го очекуваат новата епизода за пиратите од Карибите.