Помладата сестра на Кејт Мидлтон не се појавува често во јавноста
Таа својот момент на слава го имаше на венчавката на нејзината сестра Кејт Мидлон во 2011 кога предизвика вниманието на медиумите појавувајќи се во тесниот фустан кој фантастично ги нагласи нејзините атрибути. Таа е голема вљубеничка во спортот и сака физички активности, а совршените обликувани нозе и цврстиот задник го должи на возењето велосипед.
Убавата Британка позната е и по тоа што трча маратон, а внимава на исхраната и денот го започнува со богат и здрав појадок. Таа овој пат носеше капут во тренди боја од „Harris Wharf“, тесни фармерки и бели патики, а целата комбинација ја зачини со интересен шал во две бои.
Што се однесува до нејзиниот велосипед, Пипа вози женски модел од „Pendleton Ashweell“ со потписот на Викторија Пендлетон, жената што го освои златниот медал на Олимписките игри.