Пинк со аперкат за Гранд – Митровиќ го собира најсилното жири досега, не е само Босанац
Митровиќ ја враќа легендата на голема врата, откриени првите членови на жирито.

Новата сезона на музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“ најавува вистински телевизиски спектакл, со неочекувани пресврти и имиња кои ветуваат жестка борба за гледаност каква одамна не сме виделе на малите екрани. Публиката е веќе во исчекување, а жирито се составува по урнекот на „тим од соништата“.
Според информации од српските медиуми, Жељко Митровиќ, сопственикот на ТВ Пинк, работи на револуционерна постава во жирито, со звучни имиња и, како што се шпекулира, изненадувачки трансфери од конкуренцијата, вклучително и од шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
Досега е потврдено дека Драгомир Деспиќ Десингерица, познат по својот специфичен стил и остри коментари, ќе биде дел од жирито. А друштво ќе му прави во жирито и легендарниот Драган Стојковиќ Босанац, кој по повеќе од десет години ги напушта „Ѕвездите на Гранд“ и преминува во Пинк.
Дополнително, во игра е и Оливер Мандиќ, легендарно музичко име и долгогодишен пријател на Митровиќ, со кого, веќе се водат интензивни преговори. Неговото евентуално појавување би внело дополнителна тежина и кредибилитет во новиот формат на шоуто.
Како потенцијална членка на жирито се спомнува и Марија Шерифовиќ, која десет години беше еден од највлијателните членови на „Гранд“. А, ако и неа ја видиме на жири-столчето, ова ќе биде сериозен удар за Гранд.
Од друга страна пак, Гранд се бори да собере нови звучни имиња во жирито на популарното музичко натрпеварување „Ѕвездите на Гранд“, а во оптек е името на Лепа Брена, како и Сузана, сопругата на покојниот Саша Поповиќ.
Кој ќе го зададе нокаутот,останува да видиме.