Пинк јајца обоени со природна боја се вистински велигденски хит – се прават лесно, а изгледаат бајковито!
Пинк јајцата оваа година се вистински хит – изгледаат посебно, се прават лесно и се сосема природни.

Ако оваа година сакате да имате оригинални и стилизирани велигденски јајца што ќе ги воодушеват сите – тогаш пинк јајцата се вистинскиот избор.

Тие не само што изгледаат прекрасно, туку се и направени со 100% природни состојки. Одлични се за оние кои го сакаат природниот изглед, но и современиот допир.
Advertisement
Малиот трик е што пинк боја можете да добиете само ако користите бели јајца или ако ги избелите кафените.
Потребни состојки:
– 6 тврдо варени јајца (на собна температура)
– 950 мл вода
– бел оцет
– 475 г изрендано цвекло
– малку масло за сјај

Потребна опрема:
– тенџере со капак
– сито
– друг лонец или чинија
– сад
– хартиени салфетки
– ренде

Рецепт:
Ставете 950 мл вода и 475 г изрендао цвекло во подлабоко тенџере и загрејте до вриење на средна температура. Намалете ја температурата, поклопете и варете 15 до 30 минути – додека бојата не стане неколку нијанси потемна од онаа што ја сакате за јајцата. Проверете ја бојата со капка на бела чинија. Тргнете од оган и оставете да се олади.
Процедете ја течноста низ сито во друг сад и притиснете го цвеклото за да извлечете што е можно повеќе течност. Отпадот се фрла.
Измерете ја течноста и додадете по 1 лажица бело оцет на секои 240 мл. Промешајте.
Потопете ги јајцата во природната боја и оставете ги да отстојат додека се добие посакуваната нијанса. Извадете ги, оставете да се исушат на хартиени салфетки, и на крај, премачкајте ги со малку масло за сјај.
Совет: За посилен ефект, оставете ги јајцата во бојата подолго. За омбре изглед, вадете ги на различен временски интервал.