Прво ќе се шокорате, а потоа и воодушевите од овој корејски пилинг за лице
Ако минатата недела скролавте по њуз фидот на вашиот Фејсбук можеби и вие го забележавте ова интересно бјути видео.
Станува збор за видео во кое млада жена ја трие кожата со корејски пилинг за кожа на лице и колку повеќе трие, во нејзините раце паѓаат се поголеми парчиња мртви клетки.
Течни кармини со мат ефект кои се хит на нашиот пазар >>
Гледајќи го таквото триење на кожата се почувствувавме малку чудно, но ова дополнително ни го привлече вниманието и малку истражувавме. Имено, станува збор за гелот „Dr. G Beauty Brightening Peeling Gel“ кој ги отстранува мртвите клетки од лицето, а неговата активна состојка е целулозата.
Но токму затоа и се запрашавме колку и дали е сигурен, а дилемата ни ја решија стручните лица преку познатиот моден портал In Style.
Рецензија на течниот коректор Matt Concealer Extra Coverage >>
„Производот е сигурен за користење бидејќи содржи алое вера, која е многу делотворна за кожата и глицерин кој ја навќажнува. Јас го препорачувам“, открива дерматологот Дебра Јалина. „Овој производ најверојатно нема да ви наштети, а може да биде одличен за вашата вечерна бјути рутина. Но, советувам пред употреба да се посоветувате со вашиот лекар, особено ако имате проблеми со акни и слични кожни проблеми“, открива дерматологот Мона Гохар.
{youtube}wDqI5tc-faU{/youtube}
Овој гел веќе ги освои жените во Јужна Кореа, а познато е дека тие особено внимание посветуваат на нега на кожата, па затоа и не е лошо добро да се разгледа оваа понуда. Гелот можете да го најдете во Nordstrom, по цена од 28 долари.