Дали некогаш сте наишле на убавица, мода, или тренд за коса коишто ве натерале да помислите, „Изгледа кул денес, но ако ме прашате повторно утре, веќе нема да биде исто.“
Па, дозволете ми да ве запознаам со еден од ваквите трендови.
Запознајте го „пикселизираниот“ изглед, креиран од шпанските експерти за фарбање коса: Хозе Луис Алмендрал, Марко Антонио Рестрепо и Хорхе Кансер од мадридскиот салон X-presion Creativos. Целта е косата да изгледа како да е пикселизирана благодарение на овие блокови боја.
Еве како изгледа во светло зелена боја:
Ваши размислувања?
Мислам дека би било кул да се види на модната писта, но не сум толку сигурна дека овој тренд ќе опстои на главата на просечниот човек. Судејќи според многу позитивните коментари на „Instagram“ страница на „X-presion Creativos“, јас сум во малцинство кога велам дека не сум толкав оптимист.
Сепак, ќе признам дека Revlon успешно го изведе овој изглед во својата кампања 2014 есен/зима.
Revlon
Неверојатно, зарем не? Можеби сум малку пристрасна, бидејќи таа нијанса на виолетова по некоја случајност ми е омилена боја на сите времиња, но сепак би рекла дека овој изглед е многу подобар од оној погоре. Мислам дека овде најважо е поставеноста – пурпурните пиксели во косата на манекенката се особено карактеристично поставени и тие се истакнати, не се избледени. Тоа создава многу попромислен, чист изглед, пријатен за око, зарем не?