Успешната актерка и моделка Симај Барлас (родена во мај, 1999) привлекува големо внимание со улогата на Шехразат во серијата „Не плачи Истанбул“, а кај нас и во регионот публиката ја знае преку ликот на Ефнан во популарната турска серија Азиз.
View this post on Instagram
Маркетинг
Нејзината глума и визуелниот изглед често се тема на разговор, додека нејзината физичка појава (висока е 164 см, тешка 59 кг) и личниот живот предизвикуваат голема љубопитност.
Па, која е Симај Барлас? Родена е во Истанбул, каде што ја започнала својата актерска кариера на млада возраст. Уште од мала, нејзиниот интерес за сцената бил очигледен.
Образованието го завршила во областа на актерството, што придонело за нејзиниот брз напредок во индустријата.
View this post on Instagram
Со својата природна убавина и исклучителен актерски талент, Симај Барлас брзо се позиционира како едно од значајните имиња во актерскиот свет во Турција. Благодарение на нејзината посветеност и извонредна игра во големи проекти, таа секојдневно го зголемува својот круг на обожаватели и станува сè попозната. Но активно работи и како модел, па често може да се види, особено во Турција, во рекламните кампањи на модните и козметички марки.
View this post on Instagram
На 25 години „тежи“ седум милиони долари
Барлас се истакнува со својот елегантен изглед и динамична енергија. Една од најзабележителните нејзини карактеристики на екраните е нејзината природна и позитивна енергија, која додава уникатна димензија на ликовите што ги игра, како и неверојатната моќ за трансформација.
Меѓудругото, таа со својот настап успева да изгради силна врска со гледачите.
Симај Барлас не само што блеска на екранот, туку и активно гради блиска врска со своите обожаватели преку социјалните мрежи. На платформата Инстаграм, каде има над 2 милиони следбеници, редовно споделува фотографии и видеа, овозможувајќи им на своите следбеници да ѕирнат во нејзиниот личен живот.
Нејзиниот искрен и топол однос со обожавателите ја прави уште попривлечна, па нејзините објави секогаш се пречекуваат со голем интерес и восхит.
View this post on Instagram
Моментно „тежи“ седум милиони долари, а поседува домови во Истанбул и во Лондон.
Ѝ се врати на старата љубов
25-годишната убава актерка Симај долго време беше во врска со кошаркарот Сонер Коркмаз, со кого раскина во 2022 година, а потоа повторно се смирија во ноември 2024 година и ѝ дадоа нова шанса на нивната љубов.
Додека беше одвоена од кошаркарот, во периодот кога врската им беше раскината, Симај започна љубовна врска со својот колега, популарниот турски актер Халит Озгур Сари. Почнале да се забавуваат на снимањето на ТВ серијата „Јабани“ каде двајцата беа главни ликови. Заедно го поминаа летото, а веќе во ноември во турските медиуми се појави веста дека актерите решија да се разделат.
View this post on Instagram
Според некои шпекулации, парот кој сакаше да ја живее својата врска далеку од очите на јавноста, се разделил поради враќањето на старата љубов на глумицата.
Подоцна, овие гласини се потврдија, кога Симај беше фотографирана во прегратка со кошаркарот Сонер Коркмаз. Интересно е што, веројатно поради тоа што не можела да продолжи да ја снима серијата со Халит, со кого веќе се раздели, ликот кој го игра Симај Барлас, Руја, ненадејно ќе почине во новата сезона на серијата „Јабани“, која според сценариото се емитуваше неодамна.
Надвор од сцената и рефлекторите, Симај е во блиска релација со сестра си, која исто така е моделка. Двете сестри многу си наликуваат, а помалата, Бусе Барлас, од неодамна се впушти во актерството.
#SimayBarlas ve Buse Barlas ❤️🔥 pic.twitter.com/tYZaoVnjsV
— Dizi Ve Filmler (@diziveefilmler) September 25, 2024
Сетсрите имаат и брат, кој не работи во филсмката индустрија, туку е во медиумите.