Доколку сакате да се решите од вишокот килограми, секако дека најпрво треба да го намалите внесувањето на шеќерите, што во превод значи дека треба да намалите и со овошјето кое содржи многу шеќер.
Но, за среќа ова не се однесува на бананите затоа што тие се добри за јадење и кога сте на диета. Бананите содржат големи количини калиум, супстанца која помага да извадите вишокот вода од организмот, а покрај ова тие го забрзуваат и метаболизмот, особено ако ги комбинирате со спанаќ и ленено семе.
Па, доколку сакате да му кажете збогум на вашето сало на стомакот, тогаш ова е рецепт кој мора да го внесете во вашето редовно мени. Еве што ви е потребно за да го направите овој вкусен и здрав еликсир:
1 банана
1 портокал
1-2 шолја јогурт со ниска масленост
1 лажичка масло од кокос
¼ лажичка мелен ѓумбир
2 лажички ленено семе
2 лажички whey протеини
Едноставно измешајте ги сите состојки и ставете ги во блендер. Кратко ги испасирајте и ќе добиете многу вкусен пијалак.
Треба да го испиете наутро на гладен стомак, но по една чаша млака вода со која треба да ви започне денот. Но, пред да почнете да го користите овој пијалак, како и се друго што ќе прочитате, а е поврзано со диети и слабеење, најдобро е прво да се консултирате со вашиот лекар или фармацевт.