Пијалак кој ќе ви помогне да изгубите минимум 11 килограми, а можете да го подготвите сами дома!
Звучи неверојатно, но сепак е вистинито.
Овој пијалак можете да подготвувате со состојки по ваш избор – оние што ги имате дома, да го прилагодувате рецептот според вашите желби и можности и да не се грижите дали сте набавиле се што ви треба за него.
На интернет, меѓу другото, можат да се најдат и низа интересни рецепти кои ќе ви помогнат да стекнете здрави навики во поглед на исхраната и патем да се ослободите од вишокот килограми. Така, на каналот на нутриционистот кој се претставува како Џон и кој главно се занимава со здрави пијалаци може да се најде овој интересен рецепт за слабеење. Имено, Џон верува дека суштината на слабеењето е во внесувањето на големи количини вода и зеленчук во организмот, а тоа најлесно ќе се постигне доколку зеленчукот го консумирате во форма на делотворен напиток.
На многу луѓе не им се допаѓа вкусот на зеленчукот и културно го избегнуваат во својата исхрана, или го внесуваат во сосема мали количини. Приказната е сосема поинаква кога зеленчукот се консумира во форма на сок бидејќи се добиваат сосема различни вкусови.
Овој пијалак ќе ви помогне да го снабдите телото со сите потребни хранливи материи, а најдоброто од се е што не постои конкретен рецепт, туку го подготвувате сами по ваша желба. Тајната е во големата количина на витамини и минерали кои ќе го подобрат вашето здравје и ќе го поттикнат метаболизмот да работи побрзо. Џон ја дава основата на напитокот, како насока, а во него потоа можете да додавате што сакате од овошје и зеленчук, она што го имате дома, што најмногу го сакате или што е достапно во моментот.
Задолжителна состојка на пијалакот е целерот, бидејќи содржи многу вода и овозможува хидратација на организмот, а исто така е и одличен извор на електролити, кои исто така се многу потребни, а ова важи и за краставиците. Морковот е исто така задолжителен, богат е со бета каротен и ќе го збогати вкусот на пијалакот. Вкусот ќе го збогати и јаболкото, така што не го заборавајте и него. Доколку можете во однос на сезоната и достапноста, пожелно е во пијалакот да додадете и една тиквичка.
Зелената салата не спаѓа во основните состојки, но се препорачува да ја додадете бидејќи е многу богата со хранливи материи, а содржи многу малку калории. Откако ќе ја направите основата, можете да додавате и други состојки како брокула, магданос, цитрони, портокали, лимони … што сакате, или што имате дома!
{youtube}eMUnRZy9phk{/youtube}
Подготовката е многу едноставна – измијте ги намирниците, исчистете ги, исечете ги и ставете ги во соковник и тоа би било тоа!