За денес сакаме да ви предочиме еден интересен ритуал, кој доколку почнете да го применувате секое утро, многу брзо ќе го подобрите вашиот имунитет и метаболизам, ќе изгледате поубаво и позитивно ќе влијаете на ваше расположение.
А станува збор само за една чаша полна со млака вода и половина исцеден лимун, но во континуитет и секое утро!
Овој пијалок треба да се направи од вода која што има собна температура, а откако ќе го испиете исплакнете ја устата со вода.
Добар е за имунитетот
Според нутриционистите, покрај тоа што лимунот е богат со витамин Ц и позитивно влијае на вашиот имунитет, тој му помага на телото да го апсорбира железото, особено она кое што се наоѓа во намирниците кои не се од животинско потекло.
Го подобрува варењето
Сокот од лимун по структура е сличен со соковите во желудникот и има позитивно влијание на гастроентеролошкиот тракт. Покрај ова, овој сок е добар и за темпертура и подуеност.
Го успорува стареењето
Антиоксидансите кои се наоѓаат во лимунот се борат против слободните радикали кои го предизвикуваат стареењето, па така овој пијалак позитивно влијае и на процесот на стареење на кожата. Витаминот Ц пак помага да ги држите брчките под контрола.
Ги контролира килограмите
Лимунот содржи пектин што создава чувство на заситеност. Ова чувство ќе ве држи подолго време, па токму заради тоа, кога ќе треба да појадувате, поголеми се шансите да не погрешите при изборот на храната.
Ја балансира PH вредноста
Една чашка со вода со малку лимун ја намалува киселоста на организмот. Овој пијалак содржи лимонска киселина, а не создава киселина во телото.
Сок наместо кафе
Антисептичките својства на лимунот ги убиваат сите лоши бактерии во устата и делува дезифекционо. Една чашка со вода и лимун, наместо утринско кафенце е многу подобар и поздрав избор.
Го намалува стресот
Овој пијалак го намалува стресот и депресијата, а покрај тоа содржи и витамин П што делува позитивно на прокрвавеноста на капиларите. Покрај тоа што помага при зараснување на раните, лимунскиот пијалак е добар и за здравјето на коските, кожата, рскавеицата, а ги смирува и воспалителните процеси.
Извор: Блиц.рс