Реклама
Нега и здравје

Пијалак од цитрон што ги согорува калориите

Реклама

Цитроните се познати антиоксиданси и имаат силно антибактериско дејство. Богати се со витамини А, Б, Д, Е и првенствено витамин Ц, како и со минерали – калциум, фосфор, магнезиум, манган, цинк, бакар и железо.

Маркетинг

Со цитрон можете да направите еден познат еликсир за убавина и здравје кој ќе ви помогне и да се чувствувате подобро и да изгледате подобро. Се што ви е потребно за оваа чудесна напивка е еден голем зрел цитрон и лажичка мед, по желба. Се зема еден цитрон, по можност ладен, од фрижидер, се сече на половина и со лажица се вади внатрешноста. Внатрешноста на цитронот и медот се ставаат во блендер и се мешаат додека не се добие воедначена смеса. Овој пијалак се пие по ручек, околу дваесетина минути по јадењето, и ги согорува скоро половината калории што сте ги внеле во текот на ручекот.

Цитроните содржат пектин кој помага за ефикасно излачување на вишокот холестерол, го намалува нивото на инсулин во крвта и го нормализира метаболизмот. Истражувањата покажуваат дека ако јадеме цитрон секој ден лошиот холестерол ќе се намали за 15,5 отсто, а триглицеридите за дури 27 отсто. Цитроните исто така содржат и ликопен кој го помага исфрлањето на отровите и штетните материи од организмот. Цитронот има лековите дејство при болести на кардиоваскуларниот систем и висок крвен притисок. Освен тоа, цитронот содржи бројни состојки кои помагаат во борбата со настинките, а докажано спречува појава на одделни видови на канцер и срцеви болести.

Маркетинг

Треба да се земе во предвид дека цитроните го зајакнуваат делувањето на одредени лекови, па доколку земате некоја редовна терапија, консултирајте се со вашиот доктор.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button