Реклама
BEAUTYДиети

Внимавате на храната, но пијалаците ги заборавате: Еве кои треба да ги избегнувате ако сакате да ослабнете

Реклама

Понекогаш храната не е најголемата пречка при слабеењето, туку она што го пиеме. Луѓето внимаваат на калориите кои ги внесуваат преку храната, но речиси секогаш забораваат на другите кои ги консумираат преку денот.

Кафето, ледените чаеви, енергетските пијалаци и алкохолот содржат калории кои не ви се пријатели. Тие предизвикуваат дебелеење и појавување на сало на многу места на телото. Многу алкохолни пијалаци воопшто немаат назначено нутритивни вредности, па не ни знаете што точно внесувате во организмот. Имајте на ум дека алкохолот, освен калориите, содржи и шеќер, а тоа е комбинација за непосакуваните килограми.

Маркетинг

Една од главните причини поради кои алкохолот предизвикува дебелеење е што телото побавно го процесира, па сите дополнителни калории кои притоа ги внесувате се претвораат во масно ткиво.

Ако целта ви е да ослабнете, а сепак повремено сакате да си дозволите и консумирање алкохол, нека биде тоа водка или чаша црно вино. Слатките пијалаци, пиво и коктелите содржат многу повеќе калории и создаваат подуеност.в

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button