Внимавате на исхраната, а сакате да се почестите со вкусно парче пица? Еве го решението за вас – оваа вкусна пица од тортиља има само 270 калории и можете да си ја дозволите дури и да сте на диета …
Оваа пица содржи само 270 калории и претставува идеално решение за сите љубители на италијанската кујна кои се на диета или некој режим на исхрана. Се подготвува брзо и лесно, за само петнаесетина минути, а на неа можете да ставите различен зеленчук, при што ќе добиете приближно ист број на калории. Само не заборавајте – кога ќе купувате тортиљи, изберете средно големи, така што една тортиља ќе биде доволна за едно лице.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
– тортиља
– моцарела
– домати
– босилек (сув или свеж)
– зачини по желба (без сол, секако)
ПОДГОТОВКА:
Исечкајте еден помал домат или малку го изблендирајте. Ставете го доматот на тортиљата и додадете малку зачини – оригано, лук во прав, бибер … Наредете ги парчињата моцарела и уште некоја поголема кришка домат и ставете да се пече во рерна на 180 степени, околу десетина минути. Кога ќе биде готова, извадете ја од рерната, украсете со босилек, исечете и уживајте! Освен домати и моцарела на пицата можете да додадете и пиперка, тиквичка, печурки, луто пиперче …