Коса

Доделуваме шампон и регенератор од LORVENN за заштита на црвена и кафена фарбана коса

Advertisement

На сличен начин на кој ја негуваме кожата на телото, треба да водиме сметка и за својата коса, особено ако нашата коса е фарбана.

Advertisement

Навистина е прекрасно чувството кога ќе излезете од фризерски салон со нова фризура и посебно со нова боја на косата, но многу често се случува косата за брзо време да ја изгуби саканата нијанса и сјајот, посебно ако не се посвети доволно внимание на грижа за косата. За да ја одржите бојата што е можно подолго и да имате здрава и квалитена коса треба да воведете производи за нега на косата кои ќе ви помогнат во тоа, а ние би ви препорачале да ја пробате иновативна формула од линијата Chromacare System на производи за нега на коса од Lorvenn Paris.

Со новата линија Chromacare System од LORVENN PARIS вашата коса останува здрава, убава и сјајна, а вашата омилена боја ќе трае најмалку два пати подолго и постојано ќе изгледа како туку што да сте излегле од фризерскиор салон. Основната цел на овие производи (шампони, регенератори и маски за коса) е да ја хранат, негуваат и да и дадат цврстина и сјај на фарбаната коса. Секоја коса која е хемиски третирана е кршлива, сува, без сјај и слаба и има потреба од дополнително третирање со специјални производи. Професионални производи на LORVENN PARIS со ефикасната нова филозофија „Chromacare System“ (прочитајте повеќе за целата линија тукасе тестирани од професионални стилисти за коса. Производите се со специјално избрани состојки со чија помош ќе имате убава и здрава коса, а нивните основни карактеристики се современата технологија, врвниот квалитет и ефикасност.

Advertisement

Новата иновативна формула е специјално дизајнирана да ги задоволи потребите на секој тип на коса. Производите се тестирани во живо, НЕ содржат парабени и се дерматолошки тестирани од независна лабораторија. Производите вклучуваат три основни категории (терапија, заштита на боја и стилизирање), а денес ќе ви ја претставиме линијата PHYTO GLAM која има за цел да ја заштити бојата на вашата коса и да и даде природен сјај. Формулата преставува иновација со црвени фитопигменти (црвени екстракти во боја) и првенствено е наменета за кафена, црвена и бакарна фарбана коса.

PHYTO GLAM

PHYTO Glam линијата е наменета за кафена, црвена и бакарна коса, а користењето на овие производи ќе ви овозможи продолжено трање на интензитетот на бојата, заштита од избледнување, заштита од сонце и екстра сјај. Основните состојки на производите се: црвени фитопигменти (природни екстракти), пченични протеини, активен хидратантен комплекс, алое вера и провитамин Β5 . Основната технологија на црвените фитопигменти се заснова на природни екстракти (Krameria triandra и ликопен) кои го зголемуваат сјајот и го продолжуваат интензитетот на бојата. Исто така, производите имаат и антиоксидативно дејство и ја штитат бојата од избледување и оштетување од сонце и даваат сјај и долготрајност.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ И НАМАЛУВАЊЕ

Зголемување и намалување на црвените тонови со и без Melscreen Red после прво, трето, шесто и дванаесетто миење на косата.

 

Заштитен шампон за кафени & црвени нијанси

Шампон, пакување 300 ml

Нежен шампон за секојдневна употреба. Ја задржува виталноста на бојата, интензитетото и сјајот и ја штити од избледување. Бојата не се измива со миењето на косата.

Заштитен регенератор за кафени & црвени нијанси

Пакување : 300 ml

Регенератор за долготрајна боја и сјај. Заштитува од избледување на бојата и ја измазнува и хидрира косата. Косата е мазна и лесна за одржување.

Заштитна маска за кафени & црвени нијанси

Пакување : 500 ml

Одличен производ за интензивна заштита и сјај на косата. Се одликува со длабока хидратација и ја зголемува мекоста, виталноста и сјајот на косата.

ПОДАРОK

Ако сакате да го освоите подарокот, кликнете тука »

Штипка во соработка со Lorvenn Paris ќе додели шампон и регенератор од новата линија PHYTO Glam (Chromacare System) наменети за црвена и кафеава коса. Се што треба да направите е да дојдете на нашиот нов Инстаграм профил, да почнете да не следите и во коментарите под фотографијата (види тука) да тагирате неколку ваши пријателки (или личности на кои би сакале да им го подарите подарокот!). 

Правила на Инстаграм:

Инстаграм не ја спонзорира, администрира ниту на кој било начин поддржува оваа промоција така што не е поврзан со неа на кој било начин. Доколку сакате да добиете некој од овие подароци, потврдувате дека се согласувате да ги следите правилата напишана од страна на Штипка, а не на Инстаграм.

Подароците ќе ги доделиме на 18.03. 2016 (петок), а во предвид ќе се земат и коментарите од нашата официјална Фејсбук страница.

Па, дали сте подготвени за подароци?

Среќно!

Ако сакате да го освоите подарокот, кликнете тука »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button