Реклама
Престиж

PEUGEOT – концепти на квадрат (Vol.2)

Реклама

Не може да помине ни еден салон за продажба на автомобили, а Peugeot да не претстави некаков екстравагантен концепт. Целта е јасна – секој пат Peugeot има желба ( и успева во тоа) да докаже дека произведува убави автомобили за префинети муштерии.

Маркетинг

Едноставно, така се прави тоа во Peugeot! Во првиот дел дадовме објаснување што всушност претставуваат концептите и какви се варијациите за нив, од фирма до фирма. Кај Peugeot секогаш ќе најдеме концепти кои всушност се предпродукциски примероци. Но, по тоа не би се многу разликувале од другите бројни производители. Со такви возила Peugeot сигурно ќе изложат и нешто што сосема сигурно нема да се произведи, но јасно ќе им каже на останатите: „Ние можеме, вие не можете!“ Моделите кои во овие два поста ви ги претставуваме се од пред неколку години, но едноставно не можевме да одолееме да ги немаме во нашиот префинет оддел за автомобили и брзина!

Во целиов овој период Peugeot ги прикажа некои од најлудите концепти било кога, но и доста сериозни автомобили за кои ни е навистина жал што никогаш не почнаа да се произведуваат. Во овој втор продолжуваме онаму каде што застанавме во првиот…

Маркетинг

Peugeot 607 Feline
Фина и скромна

Овој автомобил е создаден исклучиво како плод на фантазијата на дизајнерскиот тим во студиото La Gaurenne Design Centre. Откако дизајнерите на споменатото студио им го покажале концептот на шефовите на францускиот производител, убедувањето траело со часови. На крајот успеале, па Feline не само што бил направен, туку е испратен во Африка како би се снимил пропаганден филм. Режисерот на филмот замислил трка на Feline со авион, кој не смее да лета со брзина помала од 180 km/h, што на жалост (и од необјасниви причини?!?) е и максималната брзина на Feline.

alt

alt

Peugeot Hoggar
Ultra Buggy

На салонот во Geneva 2003г. беше претставена визијата на Peugeot за buggy возилата, кои што своевремено го прославија дебелиот Италијанец со американско име, Bud Spencer. Buggy-то на Peugeot е плод на имагинацијата на некој си тип по име Somvang Sinhsattan, тогашниот дизајнер, кој што дошол до заклучок дека на саемот во Geneva му треба нешто ’диво‘.

Два дизел мотори, по еден од напред и назад и секвенцијален менувач, се основата на возилата наменети за движење по екстремно врелите и….па екстремни во секој поглед пустини. Најблизу до нас овој модел се има појавено во Загреб на тамошното Auto Show.

alt

alt

Излезе новиот Шопинг Магазин со Whitney Houston на насловната страна.
Читајте + слушајте ја I Will Always Love You преку нашиот FACEBOOK профил
»

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button