Реклама
Престиж

PEUGEOT – концепти на квадрат (Vol.1)

Реклама

Концептите во автомобилската индустрија може да имаат повеќе значења. Кај некои произведувачи концептно возило може да значи и последен стадиум пред производство, а се покажува само за да се добие конечното мислење на јавноста и да се направат последните измени. Кај други концептуалниот автомобил покажува дизајнерски насоки кон кои ќе се движат моделите на фирмата во наредните години, па всушност служат како огледен полигон од кој после се ’симнуваа‘ детали за сериско производство.

Маркетинг

На големите и моќните, концептите често им служат само затоа да ја покажат силата и технолошката надмоќ, па во таквото возило натрупат сé со што располагаат, вклучително и некакви gadget – и кои тогаш се појавуваат по прв пат.

Сепак, има и такви кои што концептите ги прават поради подобрување на имиџот, затоа што таков производ би можел да привлече луѓе на изложбениот простор, да се покаже и докаже дека производителот има повеќе имагинација од другите и на крајот да се пофали дека можат да направат такво нешто самите, без помош на дизајнерско студио… Уште повеќе, кај Peugeot тоа оди толку далеку што организираат дизајнерски натпревари, на кои што може да се пријави секој со доволно откачена идеја, а која што во Peugeot се во состојба да ја претворат во стварност.

Маркетинг

Ние денес ќе ви го претставиме првиот дел од неколкуте најинтересни концепти на најдобрата француска фабрика за автомобили, кои што беа најактуелни во претходните две, три години. Па, да започнеме…

Peugeot 907
250 коња по глава

Под хаубата на ова coupe се крие голем V 12 мотор, со обем од цели шест литри и сила од округли 500 КС. Дека автомобилот се уште го нема видено и почувствувано асфалтот, доказ е и непостоењето на податоци за перформансите, иако тие можат да се насетат од силината и обемот на моторот. Овој Peugeot не отстапува од традиционалните линии на спортски автомобил (Porsche 911, Ferrari Scaglietti), а сепак е ултрамодеран и технолошки многу напреден. Инструментната плоча е дигитална, а touch screen-от е поврзан со компјутер. Погледнете како тоа изгледа:

alt

alt

alt

Peugeot 4002
Ретро иднина

Концептот 4002 е победник на дизајнерскиот натпревар на Peugeot, на кој можеа да пристапат сите со врска на интернет. На второто по ред натпреварување (на кое што беше победил моделов) учествуваа дури 2 800 дизајнери од 90 земји, со своите идеи на тема „ретро футуристичко coupe“. Тој концепт мораше да биде поврзан со некои од историските модели на Peugeot, но истовремено да биде оригинален и иновативен.

Stephen Schultze, тогаш 32 годишниот германски графичар, победи со својот Peugeot 4002 од 1936. НО, ултрамодерниот coupe е направен од најмодерен материјал, плексиглас и алуминиум, без некој одреден мотор, затоа што и до денеска се уште не може да се вози, а така најверојатно и ќе остане. Единственото место каде што оваа колетина беше провозена, беше на сетовите во студијата во Hollywood, при снимањето на филмот на Spielberg, “Minority Report”. Во секој случај, за своето дело Schultze прими награда од раката на директорот на Peugeot, како и чек од 5 000 евра.

alt

alt

alt

Излезе новиот Шопинг Магазин со Whitney Houston на насловната страна.
Читајте + слушајте ја I Will Always Love You преку нашиот FACEBOOK профил
»

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button