Додека не се смисли начин како сите ќе возиме автомобили на струја, еве ни барем еден начин кој може барем на пола да ја извршува оваа еколошка функција!
ОДНОСНО, да бидеме математички сосема точни, HYmotion 3, со погон на струја го полни дури 66,66% од својот погонски склоп, ако се земе предвид тоа дека предните две тркала ги движи силен електромотор. Тие служат за подобра стабилност низ град и за поголемиот дел од градското возење, затоа што при брзини помали од 40 km/h тие го ’теглат‘ моторот напред.
Кога ќе се зголеми брзината, се пали задниот, ’нормален‘ мотор, познатиот бензинец 125 cc на Peugeot, со што HYmotion 3 се претвора во сериозен учесник во сообраќајот. Системот може да функционира на три начини: само електричен додека не се постигне максималната брзина од 40 km/h; класичен, со бензин, кога е на отворен авто/пат и комбиниран, хибриден модул.
Поентата на овој модел – кој што во секој момент треба да влезе во сериско производство (на тоа се чека веќе две години) – е екстремно ниската потрошувачка од 2 литри на 100 километри при градско возење, додека за струја може во секое време да се ’изгребе‘ во локалното кафуле или кај соседите.
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.