Реклама
Наши ѕвезди

Цела Македонија на нозе кога го виде нашето старо знаме – Петрушовска направи лом во „Ѕвездите на Гранд“

„Горда сум што можам на Македонски јазик и во Македонски ритам да ја претставувам мојата Македонија!“

Реклама

Ова не е прв пат да го покаже својот талент…

Вчера заврши четвртфиналето од „Ѕвездите на Гранд“ во кое речиси сите кандидати добија шест гласови, па мораа да се докажуваат со акапела по што повторно беше невозможно да се одлучи кој е подобар.

Од овие причини за многу изведувачи жирито гласаше по случаен избор, така што и оние што завршија во бараж беа генијални.

Маркетинг

Една од нив е и пејачката од Македонија, Андријана Петрушовска, која и покрај тоа што имаше фантастичен настап, на крај помина нејзината колешка, а Македонката мораше да се бори и во баражот.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Но Андријана заблеска и во баражот, а Саша Поповиќ на крајот одлучи сите кандидати да ги пушти во финалето.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Сепак, највозбудлив момент, посебно за публиката и гледачите од Македонија, беше кога Андријана на сцената се појави со нашето старо знаме – знамето со „Ѕвездата од Кутлеш“ и ги воодушеви сите.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Облечена во црвено кусо фустанче и со црвена наметка направена од ваквото знаме ја испеа „Јовано, Јованке“ и растури на сцената.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Како изгледаше овој момент во кој Петрушовска буквално направи лом и никого не остави рамнодушен, погледнете во продолжение…

„Горда сум што можам на Македонски јазик и во Македонски ритам да ја претставувам мојата Македонија! Одговорност, чест и неопислива среќа е да можам преку музика да говорам за Македонската традиција и безвременските песни од кои при првиот такт заигрува Македонското срце! Ви благодарам на поддршката!!!, напиша пејачката по настапот на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Инаку, Андријана е од Скопје и важи за една од најзгодните, но и најдобрите пејачки во популарното талент шоу.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Таа се натпреваруваше и минатата година кога исто така стигна до самото финале, а оваа година нејзин ментор е Александар Милиќ Мили.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Еден од нејзините најдобри настапи досега беше и кога на грандиозната сцена ја испеа Лихнида кајче веслаше, песна изведена и од маестралниот Ефто Пупиновски, за која Андријана во една пригода за Гламур магазин изјави дека имала огромна одговорност при нејзината изведба.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„Сакав да ја пренесам на мојата публика и целиот Балкан на начин на кој што ја доживувам.. полна со емоции“, истакна таа тогаш.

Како звучеше оваа наша прекрасна млада дама со неверојатен глас погледнете и слушнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button