Наши ѕвезди

Петранка беше една од нашите најпознати фолк-пејачки – почина во несреќа, во центарот на Скопје (видео)

Нејзините песни и денес се големи хитови

Advertisement

Пејачката Петранка Костадинова привлекуваше големо внимание на нашата музика сцена и важеше за едно од најдобрите грла.

Но нејзиниот живот ненадејно згасна, квечерината, на 3 февруари 2002 година, во сообраќајна несреќа во центарот на Скопје.

Advertisement

Таа зад себе остави богата музичка кариера, а песните „Не кажувај либе добра ноќ“, „Кирјана“, „Мајсторе, мајсторе“, и денес важат за големи хитови и се изведуваат насекаде каде што живеат Македонци.

Принтскрин/ Јутуб

Но нејзината богата музичка кариера ненадејно ќе биде прекината, во страшна сообраќајна несреќа во средиштето на Скопје.

Непосредно пред да загине, Петранка била во МРТВ, каде што ја снимила песната што требало да ја изведе на „Гоце фест“.

Принтскрин/ Јутуб

Ова воедно било и последната песна што Петранка ја снимила во текот на нејзината богата музичка кариера.

И токму низ овие песни, ликот и делото на Петранка живее и денес, а нејзината Кријана се уште ги растреперува срцата на многумина.

Принтскрин/ Јутуб

Петранка беше родена во Сомбор, 1948 година, а кога загина имаше 54 години и со семејството живееше во Скопје.

Принтскрин/ Јутуб

Таа потекнуваше од семејство на бегалци од Егејскиот дел на Македонија, кое кога била мала, од Србија дошле во Демир Капија.

Таа своите тинејџерски години ги поминала во Неготино, а потоа песната ќе ја однесе во Скопје каде ќе оформи семејство.

Приоритет во животот на Петранка која важеше за омилена меѓу колегите и колешките, како и за кротка жена со топол глас, отсекогаш ѝ било нејзиното семејство и нејзините два сина Виктор и Илија. Но и музиката и љубовта кон македонската песна заради која нејзиниот лик и дело нема никогаш да бидат заборавени.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button