Диети

Пет интересни совети за слабеење кои навистина делуваат

Реклама
Реклама

Немојте да го откопчувате патентот по јадењето, подобро затегнете го ременот пред тоа
Никако не ви успева ниедна диета и никако не можете да се ослободите од вишокот килограми кои толку многу ве нервираат?

Еве неколку интересни совети, кои иако изгледаат малку невообичаени и дури смешни, навистина делуваат:

Маркетинг

1. Пробајте диета со паста за заби

Ова не значи дека треба да јадете паста за заби (и ништо друго). Вкусот на ментол во устата ќе ви помогне да не јадете некое време откако сте се измиле заби. Ако не можете да се контролирате и да одолеете на омилената храна, по секое јадење измијте ги забите со паста со вкус на мента. Со тоа му сигнализирате на мозокот дека сте завршиле со оброкот. Ако сакате да каснете уште некој залак потсвесно знаете дека храната нема да ви биде вкусна поради вкусот на мента во устата. Ако немате паста и четка при рака, пробајте со гума за џвакање со вкус на мента. Во секој случај ќе имате корист од одржувањето на хигиената на забите.

Маркетинг

2. Одбојна храна

Не можете да престанете да јадете иако сте сити? Направете нешто храната во чинијата да ви сигнализира дека оброкот завршил. Некои од советите можеби звучат смешно, но навистина помагаат:

– Ставете го приборот за јадење во чинијата. Потоа не можете пак да го земете мрсниот прибор за да продолжите да јадете.
– Избришете се и салфетката фрлете ја во чинијата – оброкот е завршен!
– На фрижидерот ставете слика кога сте биле подебели за постојано да се потсетувате зошто внимавате на исхраната.

3. Со чистење против нападите

Чистењето е многу делотворно во вакви околности. Ако сакате да се придржувате на диетата, исчистете ги сите ормарчиња и фиоки во кујната, заклучно со фрижидерот, и отарасете се од сета храна што ве доведува во искушение. Отстранете ги слатките и грицките и заменете ги со здрава храна, како овошје, зеленчук, јаткасти плодови, сушено овошје …

Па кога ќе ви се пријаде нешто, ќе си грицнете нешто здраво – затоа што друго и нема! Ваквата стратегија долгорочно ќе ви помогне во слабеењето.

Тие се згрозени од она што го направи Кендал Џенер за да остане слаба >>

4. Јадете колачиња

Ако сакате да правите слатки и колачиња и да испробувате нови рецепти, немојте да се откажувате од ова задоволство само затоа што сте на диета. Едноставно потрудете се рецептите да ги правите со производи кои не се толку калорични и кои се поздрава варијанта. Правете посни колачиња , слатки, торти или пак, наместо цело јајце ставете само белка, наместо бело брашно – интегрално, наместо бел шеќер – кафеав и т.н. Една друга финта за нискокалорични колачиња е е маслото или путерот да го замените со иста количина на сок од јаболки. На овој начин, со секоја лажица сок од јаболки заштедувате околу 100 калории и 14 гр. масти што ги содржи маслото. Најдоброто од сé е тоа што воопшто нема да ја забележите разликата на вкус.

5. Стегнете се во тесни фармерки

Што прво правите кога облеката ќе ви стане претесна? Се облекувате во широка маица и панталони или во тренерки и се чувствувате пријатно. И немате проблем. Наместо тоа, следниот пат кога ќе ставите некое килце, стегнете се во вашата тесна облека. Таа ќе ве потсетува дека не смеете да јадете многу. Наместо да го откопчате патентот по ручекот, затегнете го ременот пред да почнете да јадете. Тоа сигурно ќе ви помогне да не се претрупате. Кога ќе се стегнете во тесните фармерки и ќе ви истече стомакот од нив, ќе имате поголеми шанси да се исконтролирате во јадењето. Ако не ви е пријатно да носите тесна облека во јавноста, маскирајте се со широка блуза, туника или јакна, па така само вие ќе знаете зошто јадете салата а не скара.

Неверојатен тренинг со кој ќе согорите 150 калории за само 8 минути >>

Извор: lifescript.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button