Веруваме дека многумина од вас (барем повремено) јадат лута храна. И не само што го подобрува апетитот во текот на самиот процес на јадење, лутата храна има и свои медицинско докажани предности. За некои од нив сигурно имате слушнато, но за некои веруваме дека не сте знаеле…
Помага при слабеењето
Дополнително зачинетата храна доведува до намалување на телесната тежина. Истражувањата имаат покажано дека лутите феферони содржат капсаицин, состојка која има термогено дејство, кое му помага на телото да согори што повеќе калории.
Ја спречува појавата на рак
Истражувањата покажале дека капсаицинот во лутите феферони ги убива клетките на ракот. Овој лут зеленчук исто така помага и во борбата против настинката, служи како превенција од мозочен удар, а го спречува и дебелеењето.
Го штити срцето
Лутите пиперки штитат од болести на кардиоваскуларниот систем, го намалуваат ризикот од инфаркт и мозочен удар, а го намалуваат и штетното влијание на лошиот холестерол.
Го намалува крвниот притисок
Научно е докажано дека лутите пиперчиња го намалуваат крвниот притисок и ги опуштаат крвните садови.
Ослободува од бес и гнев
Лутата храна го поттикнува производството на серотонин, хормонот благодарение на кој луѓето се чувствуваат добро. Поради тоа, лутата храна е добра во борбата против депресијата.