Пет необични начини да го светнете тоалетот што неверојатно функционираат
Овие 5 чудни и необични, но многу ефективни решенија за чистење на вецето навистина функционираат. Пробајте ги и ќе сфатите дека не морате да користите скапи хемикалии за да го одржите тоалетот чист.
Иако одржувањето на чистотата на тоалетот е неопходно, тоа не е секогаш забавно. Сепак, постојат необични трикчиња кои можат да ви помогнат да го исчистите тоалетат совршено.
Кока кола
Може да звучи како урбана легенда, но Кока-колата ги раствора и едноставно отстранува рѓосаните кругови во веце шолјата.
Еве како: Истурете цела конзерва околу рабовите така што целосно ќе ја покриете внатрешноста на шолјата, потоа оставете да отстои најмалку еден час за да дозволите да се отстранат целосно дамките. Потоа, поминете со четка за WC, па исплакнете.
Бел оцет
Белиот оцет е многу ефикасен чистач не само на веце шолјата, туку и на другите санитарии, вклучително и на мијалникот.
За да се отстранат дамките од хлорираната вода, натопете тоалетна хартија во оцет и поставете ја директно врз дамката. Оставете ја хартијата натопена во оцетот да отстои преку ноќ. Следното утро, исплакнете и дамките волшебно ќе исчезнат.
Масло за нега на бебиња
Ќе бидете изненадени кога ќе ги видите прекрасните резултати од нанесувањето на беби масло на хлорираните површини. Можете да го исполирате лесно тушот, како и лабавото, чешмата, и тоа само со неколку капки од бебешкото масло кое ќе го нанесете на чиста, мека крпа. Потоа, нанесете уште неколку капки и исполирајте ги санитариите додека порцеланот не засјае.
Крема за бричење
Ако имате при рака крема за бричење, размислете да ја искористите за чистење на веце школката. Кремата за бричење има пенифицирачки својства кои можат да ги елиминираат кристалите на уринската киселина и непријатните миризби. Испрскајте од кремата за бричење во веце шолјата и на веце школката и оставете ја да отстои околу 10 минути. Потоа, преминете со четка и исплакнете.
Сок од лимон
За да ја освежите веце шолјата и да се ослободите од бактериите и дамките, истурете во неа половина чаша лимонов сок, односно со лимонов сок премачкајте ја убаво целата внатрешност на шолјата.
Лимоновиот сок има антибактериски и избелувачки својства кои помагаат во елиминацијата на бактериите и дамките.