Реклама
Модни совети

Ријана ве советува: Пет модни совети

Реклама

Пејачката има свој единствен стил и секое нејзино појавување во јавноста е проследено во медиумите, а воедно и сите се прашуваат што е следното што ќе го облече.

Славната пејачка важи за една од планетарните ѕвезди кои ги диктираат модните трендови. Таа бижутеријата ја сака повеќе од дијамантите, а доколку и се допаѓаат некои високи потпетици, болката во нозете воопшто не и претставува проблем.

Маркетинг

Убавицата од Барбадос ја обожаваат и уредниците на најпрестижните модни магазини, па така таа досега се има појавено три пати на насловната страна на „Вог“, а последниот пат кога се појави во ова престижно списание, откри и некои од нејзините правила за облекување.

Не е се во дијамантите

Маркетинг

„Мојот накит е имитација. Од “Claire’s“ е. Го купувам и од бутикот на мајка ми на Барбадос. Дуќанот се вика FAB-U-LUS“, вели таа.

Доброто палто дава кул ефект

„Највеќе од сé сакам палта. Со добро палто можеш да направиш сé. Што поголемо, толку подобро. Ти дава став. Дури и на вечерниот фустан му дава кул изглед“, со сигурност тврди убавицата од Барбадос.

Градник? Каков градник?

„Кога носам топ, не носам градник. Ако носам градник,тогаш на мене е само тој“.

Екстремно високите потпетици се предност

„Можам да танцувам во нив. Тука не станува збор за болка. Се работи за предност. Си велам на себе: сакам да изгледам вака, а за болката ќе се грижам подоцна“, искрено објаснува таа.

Комбинирајте спортски парчиња со елегантни

„Сé почна на пробите. Кога си на турнеја вежбаш во тренерки. Потоа ја вежбаш песната во високи потпетици кои што ќе ги носиш таа вечер. Имам пријател кој за мене бара само маици“, со нив сум опседната.

lookbook »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button