Модни советиШопинг

Пет модели на чевли од Zara со „вау“ ефект – празнична магија по пристојна цена за незаборавен свечен изглед

Секој може да најде модел што одговара и на стилот и на буџетот. Единствената вистинска мака? Да се избере само еден пар. 

Advertisement

Секоја празнична сезона носи нови модни искушенија, а најчесто најсилното доаѓа токму од чевлите – детаљ што може целосно да го промени впечатокот.

Доволен е само еден впечатлив пар чевли за да почувствувате дека целата модна комбинација добила нов сјај. Токму затоа, во времето на предновогодишни и божиќни забави, свечени ручеци и излегувања, многумина не бараат ново фустанче или скапо парче облека, туку идеални чевли што ќе го раскажат целиот празничен дух.

Advertisement

Празнично расположение во Zara

Предновогодишниот период носи опуштена, разиграна енергија, време кога сите сакаме да облечеме нешто впечатливо, нешто што светка или предизвикува „вау“ реакција. Па зошто да не одбереме чевли што ќе го „понесат“ целиот изглед?

Zara и оваа сезона нуди богата колекција свечени модели, а издвоивме пет што најмногу го привлекуваат вниманието:

Модел 1

Чевли со отворена пета и сатенски ефект. Затворање со врзување ленти околу глуждот. Тенка висока потпетица и шпиц врв. Висина на потпетицата: 10 см. Цена – 2590 денари.

Модел 2

Чевли со отворена пета и ефект на кадифе. Ременче на глуждот со сјајни камчиња, прилагодливо со врзување. Тенка висока потпетица. Кружен отвор. Шпицест врв.

Висина на потпетица: 10,5 см. Цена – 3 290 ден.

Модел 3

Чевли со отворена пета и кадифен ефект. Детаљ – макси панделка на предниот дел. Еластично ремче на задниот дел. Тенка висока потпетица. Шпицест врв.

Висина на потпетица: 8 см. Цена – 1990 денари.

Модел 4

Чевли со висока потпетица со принт со точки. Детаљ – машна на предниот дел. Заден ремен со ластик. Шпицест завршеток. Висина на потпетица: 6 см. Цена – 1990 денари.

Модел 5

Чевли со отворена пета и сатенски ефект. Детаљ од пердуви на задниот дел. Затворање со ремче со тока околу глуждот. Висока и тенка потпетица. Шпицест врв. Висина на потпетицата: 9,5 см. Цена – 3990 денари.

Секој може да најде модел што одговара и на стилот и на буџетот. Единствената вистинска мака? Да се избере само еден пар.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button