Реклама
Коса

Пет фризури кои ќе бидат модерни во 2016

Реклама

Новите трендови пристигаат и во царството на фризурите така што можеби сега е вистинското време да донесете одлука за промена и да пробате некоја нова интересна фризура во следниот период.

Да, сега е вистинскиот момент да се охрабрите и да направите (голема) промена – нова година, нов почеток и секако нова фризура! Овде ви претставуваме 5 симпатични фризури со кои ќе го освежите вашиот изглед и ќе изгелдате шик. И секако, не заборавајте дека во светот на трендовите за коса, природниот разбушавен изглед се уште го има главниот збор. А ние го обожаваме во сите варијанти!

Маркетинг

Елегантен боб

Маркетинг

Боб фризурата дефинитивно ќе биде во тренд и оваа година, но сепак, ќе треба да внесеме мали промени и малку да експериментираме. Оваа одлична фризура со низа докажани квалитети оваа година се препорачува да ја носите со помали степени и со патец на една страна кој делува елегантно и соодветно за сите пригоди.

Природни бранови

И оваа година како и претходните, природните бранови, локни и несредената коса ќе бидат во мода (и баш ни е мило заради тоа!). Едноставно ако сакате да изгелдате модерно оваа година заборавите на фенот или пресата за коса и дозволете и на вашата коса природно да се исуши и да ви донесе најубави бранови. Замолете го вашиот фризер да ви направи степенеста фризура или пак долг паж за да може да дојде до израз густината на косата.

Паж на француски начин

Иако боб фризурата (долгиот паж) владееше на сцената претходната година, во 2016 фризурите ќе бидат инспирирани од трендовите од деведесетите, а тоа значи дека ќе имаме прилика да уживаме во екстремно краток паж. Па, ако сакате да бидете во тренд тогаш оваа година изгелдајте како вистинска Парижанка со модерна кратка фризура.

Шишки

Густи, ретки, разбушавени.. оваа година тие дефинитивно се во мода! Шишките се еден од најлесните начини на кои можете да направите промена на фризурата без потреба да ја кратите косата. Па така, во новата 2016 година ви предлагаме да направите промена на фризурата и да ги скратите вашите долги шишки. Ако промената сепак не ви се допаѓа не мора да се вознемирувате – можете да ги носите на страна, со венче или шнолички додека нпак не пораснат… Во секој случај, вреди да се проба, бидејќи најверојатно пријатно ќе се изненадите затоа што шишките можат убаво да им стојат на сите, секако – ако се соодветно исечени!

Степенеста фризура

За дами кои не сакаат да се откажат од својата долга коса имаме сјаен предлог како да го освежат својот изглед во новата година. Замолете го фризерот да ви ја потстрижи косата степенесто за да добиете нова фризура со природен изглед.

Извор: Cosmopolitan, Elle, Штипка

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button