Сигурно досега многу пати ви се случило да треба да одите на некоја забава, а немате идеја како да ја средите косата.
А и немате време да скокнете до вашиот фризер!
Па, доколку немате идеја што да напрвите, тогаш, во таквите моменти, секогаш сетете се на некои од овие „брзи фризури“ кои ги позајмивме од познатите убавици.
Станува збор за фризура кои навистина изгледаат убаво, а не треба да сте вистински професионалец за да ги направите.
Локните на Џесика Алба
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/beauty/11858-pet-frizuri-koi-mozete-da-gi-napravite-sami?slika=1 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Преубавата романтична фризура на Џесика Алба е одлична за секоја пригода. За да ги добиете тие романтични бранови, пред спиење нанесете малку крема за стилизирање и косата исплетете ја во не толку цврста плетенка. Наутро пуштете ја косата, поминете со прстите низ неа и додека го пиете утринското кафенце, дозволете брановите да го добијат својот романтичен, нежен изглед.
Опуштена пунџа на Наоми Ватс
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/beauty/11858-pet-frizuri-koi-mozete-da-gi-napravite-sami?slika=2 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Соберете ја косата на едната страна, а тоа можете да го направите и со обично ластиче. Доколку имате време, еден мал дел од косата исплетете го во плетенка и замотајте го околу пунџата и закачете го со шнолички.
Сандра Булок
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/beauty/11858-pet-frizuri-koi-mozete-da-gi-napravite-sami?slika=3 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
За да ја добиете оваа едноставна, но шрекрасна фризура на Сандра, пред спиење исплетете цврсти плетенки, наутро расплетете ги, нанесете пена и врвовите обликувајте ги со прстите.
Венчето на Никол Кидман
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/beauty/11858-pet-frizuri-koi-mozete-da-gi-napravite-sami?slika=4 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Оваа година металните венчиња се апсолутен хит, особено оние што се во златна или сребрена боја. Со нив косата многу полесно ќе ја ставите во ред.
Странични шишки
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/beauty/11858-pet-frizuri-koi-mozete-da-gi-napravite-sami?slika=5 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
За девојките што имаат кратка коса, страничните шишки како на Мишел Вилијамс се вистинско решение за многу пригоди.