Песната што ја пее Анета крие многу тажна приказна – пејачката пее, а солзите сами течат (видео)
Се уште е мистерија она што се случи со пејачот на оваа песна што Анета редовно ја пее на своите настапи
Пејачката ги остава сите без зборови со својот талент
Нашата позната фолк-пејачка Анета Љумаковска со својот глас и со многу емоции пееше на еден од своите последни настапи.
Таа како вистински виртуоз ја изведе песната „Сочувај ја тајната“ и со својот неверојатен талент никого не остави рамнодушен.
Станува зор за песна која што ја има препеано познатата Александра Пријовиќ и која е дел од нејзиниот втор албум, а која во оригинал ја има испеано пејач зад чиј живот се крие една тажна приказна.
Инстаграм/ Мишел Трајковски
Имено, оригиналната песна е на Душан Костиќ кој почина во 1996 година, а неговата смрт се уште е мистерија.
Инстаграм/ Мишел Трајковски
Пејачот наводно извршил самоубиство, но до ден-денешен не се знае што точно се случило со него бидејќи неговото тело никогаш не било пронајдено, а писмото што го оставил до семејството пристигна дури по неговата смрт. Трагедијата се случи на еден мост во Белград, а тогаш се пишуваше дека бил виден од сведок како скока од мостот.
Душан Костиќ (принтскрин/ Јутјуб)
Но неговото тело никогаш не е пронајдено, а на лице место беше најдена само неговата чанта со лични документи. Неколку дена по овој немил настан, на адресата на жената на пејачот, Невенка, како и на адресата на неговите родители, пристигнало кратко писмо.
Инстаграм/ Мишел Трајковски
„Многу ве сакам, простете ми“, пишувало на писмото, а на пликото немало и потпис ни печат, објавија тогаш медиумите.
Инстаграм/ Мишел Трајковски
Како Анета ја изведе оваа песна, но како звучи и Александра Пријовиќ во изведба на истата песна, слушнете во продолжение…