Наши ѕвезди
COVER STORY

Песна што го прослави пејачот Зоран Ванев – живее во Швајцарија, но првата љубов не ја заборава

Откриваме како настанала најпознатата песна на Ванев

Advertisement

Ванев со оваа песна во неговата кариера направи многу

Пејачот Зоран Ванев во емисијата „Кафе муабети“ се присети на своите почетоци, на периодот од пред повеќе од три децении.

Advertisement

И како што и самиот потврдува, пресвртница во неговата кариера беше песната „Ангела“ со која настапи во далечната 1993 година.

Принтскрин/ Јутуб, МРТ

Имено, Ванев оваа година учествуваше на 40. јубилејното издание на Макфест, во неговиот роден град, со песната „Душо моја“.

Она што сите веднаш го забележаа е дека пејачот се уште физички изгледа одлично, како времето да застанало за него.

Инстаграм/ Зоран Ванев

Женската публика и денес го памети како голем заводник, а неколку негови песни останаа фолк-евергрини и се уште се пеат.

Тоа секако важи и за песната „Ангела“ со која настапи на Цветници во далечната 1993 година и веднаш ги освои сите.

„Како нов млад пејач имав голема среќа Ангела.. Ја направивме со Мирче Кикиритков, негов е текстот и музиката. Јас тогаш се сеќавам, како млад, свирев во еден кафич, и дојде тој, мислам ми се јави, ‘Ајде да направиме една композиција, да ја пратиме на Цветници’. И тогаш од многу песни кои што ми ги презентираше, јас ја одбрав баш ‘Ангела’, ја снимивме. И тогаш ни ја примија, и се случи тоа што се случи“, открива Ванев во емисијата „Кафе муабети“.

„Меѓутоа на другите фестивали да кажеме, од почеток на Валандово, јас пеев песна што ќе ми ја дадат. Тие си примаат свои композиции, спрема нивниот прием, нема тие можност да ме прашаат ‘Ајде најди ми песна’, бидејќи јас бев музичар, свирев по кафани во тоа време, тогаш популарните кафани, ресторани, свадби и секакви прилики на веселби. Немав секаде можност да го одберам тоа и да снимам тоа што јас го сакам. Но Валандово после, од следните години така, си пуштав и јас своја музика, си презентирав и јас своја музика. И така успехот на некој начин беше поголем, затоа што кога сум сигурен што сакам и кога ќе ми лежи тоа на гласот, знам што сум направил и очекувам да биди хит како што и беше“, објаснува пејачот во емисијата.

Принтскрин/ Јутуб

Со билките е исто како и со музиката

По големиот успех што го доживеа со песната Ангела, Ванев со уште неколку големи хитови ќе стане познат и на балканската сцена.

Но тој во еден момент, и тоа кога беше на врвот од својата кариера, ќе се повлече од естрадата и ќе замине во Швајцарија.

Тој таму ќе ја запознае својата сопруга, со кој денес има два сина, а откако ќе дипломира на  Академијата за Алтернативна медицина во Цирих, ќе стане и првиот Македонец во Швајцарија кој има титулата Доктор за природна медицина, кој е призната во целиот свет, како и во сите установи на државно ниво во Швајцарија, каде за секој пациент кој има здравствено осигурување има и Алтернативна медицина.

Но љубовта кон родниот Штип, како и кон Македонија, е она што го влече отсекогаш, како и неговите родители кои останаа да живеат тука.

Од овие причини Ванев секогаш кога има можности се враќа во нашата земја, а што друго тој ни откри како за својата професија како доктор во Швајцарија, така и за неговата најголема љубов во животот – музиката, погледнете во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button