Наши ѕвезди

Пере „Нокаут“ со емотивна порака по трагедијата во Кочани – „ако го прокоцкаме и тоа, нема ни што да се свири веќе“

Поемата, со наслов „Ќути кога боли“, инспирирана од трагичните настани и реакциите во деновите потоа, беше објавена на неговиот Инстаграм профил.

Advertisement

По трагичниот пожар во Кочани, кој ја потресе целата земја и регионот, фронтменот на групата „Нокаут“, Никола Перевски – Пере, сподели емотивна поема на своите профили на социјалните мрежи. Преку стиховите, тој упати силна порака против оние што се „насладуваат на туѓиот пекол“, повикувајќи на сочувство, човечност и почитување на вистинските вредности.

Поемата, со наслов „Ќути кога боли“, инспирирана од трагичните настани и реакциите во деновите потоа, беше објавена на неговиот Инстаграм профил. Со овие зборови, Пере ги повика луѓето да покажат емпатија и солидарност, особено во тешки моменти како овие.

Advertisement

ЌУТИ КОГА БОЛИ

Луѓето знаат да гледаат.

Знаат да гледаат директно

Advertisement

во туѓата несреќа.

Да кликнат, да коментираат.

Да се насладуваат на туѓиот пекол

додека грицкаат нешто мрсно од кеса.

Но,знаеш што не знаат?

Да молчат кога е потребно.

Да ја спуштат главата кога не знаат,

кога немаат поим.

Да се ​​тргнат настрана кога болката не е нивна.

Да ги остават луѓето да ги закопаат своите деца

без блиц, шепоти и евтини анализи.

Не барам чуда.

Не барам свет

без врева.

Барем за тие неколку дена,

Бидете луѓе.

Не таблоиди.

Не ловци на туѓа трагедија.

Не доктори за се и сешто.

Само луѓе.

Со душа, ако ни остана.

Затоа што ако го прокоцкаме и тоа –

Нема ни што да се свири веќе.

Неговата објава наиде на голем број реакции и поддршка од обожавателите и јавноста, кои ја препознаа искрената емоција и повикот за поголема човечност во општеството.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button