Пеперминт зелена боја – нов тренд кој мора да го пробаме
Покрај нежните розови нијанси, трендовите за новата сезона се погласно заговараат дека црвената боја ќе биде хит оваа есен.
Но за популарноста на црвената нијанса која ќе го одбележи крајот на летната сезона веќе ви пишувавме (види тука), како и за пастелната кралица меѓу розовите нијанси (види тука), а денес ќе се задржиме на бојата која ќе биде фаворит на многу девојки во преодниот период и која ќе биде совршена алтернатива откако ќе ви здосади од споменатите нијанси.
Боја која ќе биде хит до крајот на ова лето >>
Имено, станува збор за пеперминт зелени нијанси кои симболизираат нов почеток и свеж старт на новата сезона. Со оваа боја ќе донесете вистинско освежување во вашиот стил, а можете да ја носите и на костими за капење, кратки топови и блузи со карнери, па и на популарните слип фустани. Таа изгледа феноменално во контраст со вашиот нов исончан тен, а ние ве советуваме да изберете лелеави фустани, шик кошули со риги или кафтани во оваа неодолива нијанса која е совршен избор за преодниот период што следува.
види повеќе » |