Вести

Пензионерите добиваат по 600 евра плус на своите сметки: Убава вест за највозрасните

Advertisement

Декемвриските пензии во Србија се повисоки за 12,2 проценти, а пензионерите ќе ги добијат своите први зголемени приходи на почетокот на јануари, во пресрет на божиќните празници.Просечната пензија со тоа зголемување ќе изнесува околу 437 евра.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека некои најави на социјалните мрежи дека во буџетот нема пари за зголемување на пензиите не се точни и истакна дека декемвриските пензии ќе бидат зголемени за 12,2 проценти и дека првите поголеми пензии ќе бидат исплатени пред божиќните празници, односно на 4 или 5 јануари.

Advertisement

Министерот за финансии Синиша Мали изјави дека оваа година, пензиите ќе бидат зголемени за сите пензионери еден месец порано, односно од декември, наместо од јануари.

„Со претстојното зголемување на пензиите, просечната пензија оваа година ќе биде околу 437 евра, додека просечната пензија во 2026 година ќе достигне 488 евра. Навистина огромна разлика во споредба со 2012 година, кога просечната пензија беше 204 евра“, објави Мали на Инстаграм.

Владата на Србија има за цел просечната пензија да изнесува 650 евра до крајот на 2027 година.

„Секако, покрај зголемувањето на пензиите, ќе има и други зголемувања на приходите на граѓаните, па така платите во јавниот сектор ќе бидат повисоки за 5,1 процент почнувајќи од 1 јануари 2026 година, додека минималната плата ќе се зголеми за 10,1 процент, што ќе надмине 550 евра“, рече Мали.

Од јануари 2026 година просечната пензија ќе се зголеми за 6.000 динари месечно (3.000 денари) во Србија, а тоа значи 72.000 динари во текот на целата година или 600 евра повеќе.

Износот на зголемување зависи од видот на пензија и моментални примања, а растот на пензиите во последните неколку години постојатно ја надминува инфлацијата и се подобрува стандардот на највозрасните граѓани, објави „Србија Данас“.

Најниските пензии ќе добијат и најмалку зголемување, односно од 21.786 динари ќе им се зголеми пензијата за 12 отсто на 24.400 динари.

На другиот крај, тие со највисоки примања ќе имаат и најголемо зголемување, од 255.231 динар на 285.859 динари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button