Celebrity

Еве зошто машките модели на Рик Овенс ги покажаа своите пениси сред модните писти (+18)

Advertisement

Рик Овенс одговори на прозивките кои беа упатени до него по контроверзното модно шоу што се случи минатата недела кога неговите машки модели се појавија на пистата со размавтани гениталии пред лицата на присутните.

Advertisement

Дизајнерот им одговори по електронска пошта на порталот „Women’s Wear Daily“ со следниве зборови:

„Секој ден поминувам покрај класични мермерни статуи во парк кои се направени од голи и облечени фигури и тие се визија и поглед на сензуалноста – да, но исто така и на нашата благодат и слобода. Како учесник во една од најпрогресивните естетски арени, зарем јас не можам да ги користам овие слики? Па дали тоа е примерно и наменето само за филмовите на Мајкал Фасбендер? Мислам дека ова би било интересно прашање“, вели дизајнерот.

Инаку, Овенс е познат по тоа што НЕ игра според правилата. Тој по презентацијата на неговата колекција за пролет/лето 2014 доби огромни овации како од модната критика, така и од публиката која што ја крена на нозе. Тогаш тој воедно и демонстрираше како од една модна ревија можете да направите нешто што е вирално и што ќе им се допадне на сите. Погледнете!

Advertisement

{youtube}1WfAmL-dIBQ{/youtube}

[Видеото погледнете го задолжително]

Токму затоа 52 годишниот дизајнер можеби е во право кога во својот е-маил заклучува: „Под влијание на стравот и срамот кои растеа, (ми се допадна) идејата да внесам љубовна енергија таму секогаш кога можам.“

Но, од друга страна пак, некои од оние што го критикуваа се прашуваат што би можело да биде следно? Можеби бренд #dickowens?

Само да потсетиме, Овенс претходната недела, за време на Париската модна недела за мажи, ги запрепасти сите кога им го покажа она што никој не сакаше да го види – пениси и тестиси сред модните писти!

Да, дизајнерот кој е познат и по високите потпетици за мажи, овој пат во неговата колекција за мажи која беше претставена на „Paris Fashion Week“ ги турна од столчето сите љубители на модата кога ги видеа чудните креации што ги носеа неговите машки модели. Станува збор за фустани кои неговите модели поносно ги носеа и кои беа отворени така што ги откриваа нивните гениталии.

Што мислите за овој чекор на дизајнерот?

Извор: Glamour.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button