Шпанската актерка не им се допадна на сите во ова издание
Познатиот брачен пар Пенелопе Круз и Хавијер Бардем беа главни ѕвезди на забавата организирана за медиумите пред премиерата на филмот „Loving Pablo”. Парот кој во филмот ја игра главната улога, новинарката Вирџинија Валејо и најпознатиот нарко шеф на светот во историјата Пабло Ескобар на овој настан се појавија во поопуштено издание што и беше очекува бидејќи сепак не станува збор за настан кој нема официјален карактер како премиерата.
43 годишната актерка за оваа пригода се појави во црн плисиран фустан со сатенско здолниште, под кој носеше црни хулахопки,а целит стајлинг го зачини со високо црни чизми над колена, додека фустанот го истакна со ремен и кожна јакна зачинета со циркони. Таа иако беше облечена од глава до пети во облека со потписот на Версаче не успеа да ги освои симпатиите на модните критичари, а ситуацијата не ја поправи ни преубавата фризура и неутралната шминка, ниту пак нејзиниот сопруг кој беше облечен во спортски стил.
Сепак убавата актерка на крај успеа да ја надокнади штетата појавувајќи се на премиерата во прекрасна креација со потписот на модната куќа „Balmain“.
Извор. Tportal.hr