Пејачот Влатко Миладиноски сподели преубава вест – пристигнуваат честитки, ова сите ги израдува
Познатиот пејач го најави својот голем концерт во Скопје
![](/wp-content/uploads/2025/02/vlatko3.jpg)
Оваа вест израдува многумина…
Влатко Миладиноски, млада музичка фолк-ѕвезда од Македонија, одлучи да ги израдува љубителите на неговата музика.
Имено, младиот пејач го најави својот голем концерт за 22 март во Скопје во Национална опера и балет.
Влатко на концертот ќе настапи во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски, а влезниците се веќе пуштени во продажба и заинтересираните можат да најдат повеќе информации на телефонскиот број оставен на плакатот даден во продолжение.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Влезниците можат да се најдат на продажба и онлајн преку MkTickets.mk, а концертот ќе започне во 20.00 часот.
Потсетуваме, Влатко Миладиновски е еден од омилените фолк-пејачи на народна музика од помладата генерација во Македонија.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Влатко со синот на Војо, Дамјан Стојаноски
Тој му е внук на легендарниот Војо Стојаноски, а во музиката функционира заедно со неговиот две години постар брат, Златко Миладиноски.
Една од најпознатите песни на Влатко е „Велат не нема“ со која победи на „Гоце фест“ во 2018 година и која важи за една од најубавите и најпознатите новокомпонирани македонски народни песни.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Влатко оваа година ќе наполни 39 години, а со сопругата Кристина е во брак од 2016 година и имаат две ќерки, Илина и Андреа.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Повеќе за тоа каков е Влатко во приватниот живот, но и за една од неговите последни песни, прочитајте тука…
Бонус видео
Влатко и „Велат не нема“