Пејачот Влатко Миладиноски со неговиот брат најавија вистински фолк-спектакл за вечерва (видео)
Концерт на Влатко Миладиноски и во Охрид

Влатко Миладиноски вечерва ќе го одржи концертот во Скопје, а неодамна откри дека ќе одржи концерт и во Охрид
Еден од нашите најпознати фолк-пејачи, Влатко Миладиноски, за вечерва најави музички спектакл во Скопје.
Влатко заедно со неговиот брат Златко Миладиноски и неговиот оркестар ќе одржат концерт во Националната опера и балет, па истиот го најавија на социјалните мрежи со видео снимено во студиото.
Принтскрин/ Јутуб
Покрај овој концерт кој целосно е распродаден тие го најавија и нивниот голем концерт што ќе се случи во август во Охрид.
Имено, обожавателите на Влатко од цела Македонија кои со нетрпение ги очекуваат неговите настапи ќе можат да го гледаат и на 7 август во величествениот Антички театар со што ова воедно ќе биде и првиот концерт на фолк-пејач на ова место.
Фејсбук
Интересот и за овој концерт уште сега е голем, па се очекува и тој да биде распродаден за брзо време, со што Влатко Миладиноски уште еднаш ќе го потврди статусот за еден од најбараните изведувачи.
Снимката од нивната најава снимена во студиото на Златко и објавена на социјалните мрежи погледнете ја во продолжение:
Потсетуваме, големиот солистички концерт на Влатко Миладиноски во Скопје требаше да се одржи на 22 март, но заради несреќата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани истиот беше презакажан.
Фејсбук
Влатко на концертот ќе настапи во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски, а влезниците за брзо време беа распродадени.
Концертот ќе се одржи во Национална опера и балет, а како што откри во една пригода и самиот Влатко во интервју за Гламур магазин, на концертот ќе можат да се слушнат неговите авторски песни, кои омилениот фолк-пејач заедно со Златко Миладиноски и неговиот оркестар ќе ги изведат на големата сцена.
„Оркестарот што ќе биде на сцената ќе брои 30 музичари. Професионалци со кои што сме соработувале низ годините во текот на нашата кариера“, изјави Влатко во една пригода во интервју за Гламур магазин.
Целото интервју со Влатко прочитајте го тука.