Пејачот Влатко Миладиноски ни раскажа како ја сретнал Кристина, најголемата љубов во неговиот живот
Тие се во брак осум години, а круна на нивната љубов се нивните две ќерки
Познатиот фолк-пејач Влатко Миладиноски неодамна за Гламур раскажа како ја запознал својата сопруга Кристина.
Влатко важи за еден од нашите најпознати фолк-пејачи, а неговата песна „Велат не нема“ е своевидна химна на нашиот народ како во Македонија, така и во цела наша дијаспора.
Со него неодамна поразговаравме на најразлични теми, а едно од прашањата беше и како ја запознал својата сопруга Кристина.
Принтскрин/ Јутуб
Влатко тогаш ни откри како започнала љубовта со неговата сакана со која осум години е во брак и имаа две ќерки, Илина и Андреа.
Кристина иако ретко се појавува во медиумите, таа на пејачот му е најголема поддршка како во приватниот живот, така и во кариерата.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Влатко понекогаш знае да сподели семејна фотографија на кои неговата понежна половина плени со својата убавина, а по разговорот со него и од неговиот жар со кој зборуваше за саканата, може слободно да кажеме дека тоа била љубов на прв поглед, љубов која и денес трае подеднакво исто како и тогаш, кога прв пат се сретнале и за брзо време одлучиле дека се создадени еден за друг.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
„Запознавањето со мојата сопруга се случи во Охрид, и токму Охрид е градот кој што најчесто го посетуваме. Случајно или не“, вели Влатко со искрена насмевка на неговото лице потсетувајќи се на денот кога ја сретнал сопругата, но истовремено признавајќи и дека се надева дека не е лош сопруг.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Воспитувањето е најважно, вели Влатко
Што се однесува до тоа каков е Влатко како татко, но и во каков дух со сопругата ги воспитува своите две ќерки, пејачот вели:
„Со сопругата се трудиме скромно и патријархално да ги воспитуваме. Талентот за музика кај нив е неминовен но и не мора ништо да значи во нивната иднина“, вели Влатко и додава дека неговите ќерки се задоени со љубов кон Македонија и со сè што е македонско.
„Слушаме доста македонска музика по дома и веќе знаат многу песни па дури да речам и повеќе од некои пејачи/ки што се занимаваат со пеење. Ги слушаат моите песни но исто така и сите нови песни од моите колеги и колешки. Според мене домашното детско воспитување е најважно за еден човек, исто така и за една држава е важно од дома да се всади љубовта кон татковината. Во спротивно ќе ни се случува тоа што ни сè случува“, ни откри Влатко во една пригода за Гламур магазин, а целото интервју со познатиот пејач може да го ѕирнете тука.
Фејсбук/ АМЈА Никола Карев
Потсетуваме, Влатко деновиве заедно со Интермецо бенд и Ангел Стојкоски замина на голема турнеја во Америка и Канада.
Принтскрин/ Јутуб
Ва екипа за Нова година е настапува во Њу Џерси, а за поголем број од неговите настапи веќе се бара влезница повеќе.
Во кои градови во Америка и Канада тој ќе настапува во следниот период, погледнете во продолжение, а погледнете ги и видеото од неговата нова песна „На Миндер да седиш“.