Наши ѕвездиНовости

Пејачот што многу Македонки го обожаваат два пати се разведуваше од жената со која и денес се заедно

Пејачот сега сподели заедничка фотографија

Advertisement

Блескаат од среќа заедно

Пеѓа Јовановиќ со своите песни буди море од емоции и важи за еден од најпопуларните пејачи на Балканот.

Advertisement

Но паралелно со успешната музичка кариера, Пеѓа водеше мошне турбулентен приватен живот, а неодамна се смири со својата сопруга Ана.

фото-приватна архива

Но ова и не беше големо изненадување за неговите верни фанови, затоа што Пеѓа и Ана претходно два пати се разведуваа.

Но и покрај сите турбуленции во животот, пејачот сега на социјалните мрежи сподели една заедничка фотографија на која е со својата сопруга Ана, откривајќи дека се заедно 18 години.

Инстаграм/ Ана Јовановиќ

Потсетуваме, Пеѓа и самиот во медиумите има зборувано дека сопругата Ана го оставила затоа што бил порочен.

Инстаграм/ Ана Јовановиќ

Но пејачот го оставил алкохолот, а потоа му се вратила и неговата сакана, која заради неговиот порок и си заминала.

Инстаграм/ Ана Јовановиќ

Никој друг не може да ја донесе таа одлука. Долго време разговараа со мене, со моето семејство, мојот брат Ненад, тој беше многу загрижен за мене. Ми се јавуваше во седум часот наутро да си одам дома, иако свирката завршува во четири, седиме…

„Но самиот сфатив. Не вредеше никој да ми кажува, ниту сопругата, ниту сестра ми, мислев дека сум во право и дека уживам во животот, што беше погрешно. Кога го сфатив тоа, тоа беше првиот чекор кон отрезнување“, изјави во една пригода Пеѓа за „Блиц“.

Инстаграм/ Ана Јовановиќ

„Со месеци го одложував тоа и правев план, па се обидов прво да намалам. Демек вечерва не мора да пиеш шише виски, испиј само две чаши… И потоа ќе успеам да го направам тоа. И тогаш сум некако горд, гледам дека можам да се контролирам“.

Инстаграм/ Ана Јовановиќ

„Нема контрола таму, кога човек премногу ќе навлезе во тоа… Сфатив дека е или-или. Нема тука средина. Фала му на Бога што ја донесов таа одлука да престанам да пијам пред три години и никогаш повеќе во животот не помислувам да почувствувам мирис на алкохол“, изјави познатиот пејач во една пригода за споменатиот српски портал.

Потсетуваме, Пеѓа со своите песни и емотивните изведби на неговите концерти буди море од чувства, така што за кратко време дефинитивно прерасна во еден од најпопуларните и најбараните пејачи во последниве неколку години.

Во 2023 година, Јовановиќ го издаде својот прв албум „24/7“ со 10 песни, секоја од нив придружена со видео спот.

Инстаграм/ Ана Јовановиќ

Песните од албумот остануваат на врвот на музичките листи и по една година од издавањето, потврдувајќи го неговиот статус како музичка икона. По албумот, следуваа бројни распродадени „МТС сали“ во 2023 година и три распродадени „Сава Центри“ во 2024 година, покажувајќи ja наклонетоста кон неговите песни на неговата публика.

Концерт за паметење беше и неговиот концерт во Скопје, кој се одржа во мај оваа година во спортскиот центар Јане Сандански.

Извор: Блиц.рс, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button