Наши ѕвезди

Пејачот откри како бугарското знаме заврши кај Цеца Ражнатовиќ – и тоа во градот на Гемиџиите

Не, ова не е Монти Пајтон, ова е Балкан!

Advertisement

По скандалот со бугарското знаме и Цеца, се огласи и победникот од „Ѕвездите на Град“, Никола Станишиќ.

Веќе и врапчињата на гранките знаат за скадалот што Цеца Ражнатовиќ ја направи на концертот во Велес.

Advertisement

За нејзиниот непромислен потег кога пред преполна сала го бакна бугарското знаме кое го доби од фановите од публиката, пишуваа бројни медиуми од целиот Балкан.

Притскрин/ ТикТок

Овој нејзин потег предизвика негодување од публиката и беше исвиркана, но и бројни реакции на социјалните мрежи.

И додека многумина ја осудуваат, а други се чудат како некој како Цеца си дозволила да направи таква глупост, на социјалните мрежи се огласи и победникот од „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ.

Притскрин/ ТикТок

Тој беше во тимот на Цеца кога победи во шоуто, па сега и даде поддршка, но откри и кој и го дал знамето на пејачката

Имено, тој во своето обраќање на Инстаграм истакна дека Цеца во Велес била изманипулирана од една нејзина верна обожавателка.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

„Се разбудив со мисла за оние кои повее не се со нас, на Задушница, во нивно име да ги споменеме, ама денот сакал поинаку. Жената која ми помогна да го отсонувам сонот вчера во Велес била изманипулирана и тоа од свој верен фан, девојка која доаѓа на сите нејзини концерти. Како и зошто тоа е друго прашање“, вели Никола во пораката што ја сподели на Инстаграм, а со која предизвика бурни реакции.

Целото негово обраќање погледнете го во продолжение:

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Еден бакнеж и „пекол“ се стори…

Потсетуваме, ова не е прв пат Цеца да бакнува бугарско знаме, ама овој пат тоа го направи онаму каде и најголемите бугарски патриоти не би се осмелиле ни да помислат да го направат тоа.

@zokapet

Ceca @CECA , koncert Arena Bugarska ♥️ Ceo izveštaj pogeldajte na @telegrafrs portalu i yt kanalu #video #videoviral #fyp #fypシ

♬ original sound – Zorica Radulovic

Имено, Цеца има направено бројни концерти и во Бугарија за кои секогаш се барало влезница повеќе, каде исто така веела бугарско знаме.

Таа неодамна го вееше и старото македонско знаме со Сонцето од Кутлеш на концертот во Врање, па и самата во своето обраќање по концертот во Велес спомна дека секогаш радо го прифаќа секое знаме од нејзината публика. И како што вели во ова нејзино обраќање, со публиката ја поврзува љубовта кон музиката, без разлика кој од каде доаѓа.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Таа воедно им се извини на сите на коишто им ги повредила чувствата со оваа нејзина постапка (повеќе за ова прочитајте тука), а по инцидентот се огласи и Мики Секуловски, кој исто така беше на сцената со неа, кога се случи големиот скандал.

Инстаграм/ Мики Секуловски

И како што изјави Мики ни на крај памет не му било дека ќе се појави бугарско знаме на сцената, и тоа во неговиот град.

„Можеби требаше јас порано да изреагирам, но навистина не забележав дека се работи за бугарско знаме… Навистина жално, навистина штета што се случи оваа случка, никој не очекуваше дека, во мојот град, во Македонија, ќе се вее бугарското знаме, никој не го помисли тоа“, вели Мики на својот Инстаграм.

Целото негово обраќање погледнете го тука >>

Бонус видео

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button