Наши ѕвезди

Пејачот од Македонија растури во „Ѕвездите на Гранд“ – ја израдува Цеца, го споредуваат со Мики Секуловски

Кандидатката што настапи со него во дуел разочара со песни од Карлеуша и Милица Павловиќ

Advertisement

Оперскиот пејач од Македонија ги воодушеви сите

Никола Зацески беше брилијантен и со својот талент ги освои сите шест гласови од жирито во „Ѕвездите на Гранд“.

Advertisement

Неговата менторка Цеца посебно се радуваше, така што тие прославија уште на почетокот бидејќи Никола беше дел од првиот дуел.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Но за разлика од Никола, Катарина Грујо која што беше дел од тимот на Ѓорѓе Давид, разочара и освои само три гласови.

Advertisement

Таа настапи со песни од Јелена Карлеуша и Милица Павловиќ, но очигледно нејзината изведба не беше добра за жирито.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Цеца Ражнатовиќ го гушка Никола (види тука)

Од друга страна, Никола ги воодушеви сите, а Марија Шерифовиќ му даде и совет за шестиот круг од натпреварот.

„Ми беше подобар во третиот круг, можеби изборот на песните тогаш ми се допадна повеќе. И само ќе те замолам, во шестиот круг да ни ја заскокоткаш фантазијата на сите, и на публиката и на гласачите, да не биде тоа само чиста интерпретација“, му порача Шерифовиќ на Никола по неговиот настап.

Инстаграм/ Катарина Грујо

Беше една од најдобрите

Што се однесува до кандидатката што не успеа директно да помине, а која важеше за фаворит во шоуто, нејзиниот ментор Ѓоре Давид откри дека примала инфузија непосредно пред снимањето и дека нејзиното грло не било добро, но и дека тоа нема да го користи за оправдување, свесени дека тоа нема да ги промени гласовите.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, токму Ѓорѓе Давид сакаше Никола да биде дел од неговиот тим и го бранеше на неговиот прв настап кога тој доби три „паник“ копчиња од прествниците на истото жири.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Тогаш кон Никола најостра беше Марија Шерифовиќ која без влакна на јазикот го критикуваше за неговото пеење.

Таа во еден момент дури и му порача да ја фрли дипломата, а што сé друго му кажа на професорот тогаш, потсетете се тука.

Бонус видео

Првиот настап на Никола во „Ѕвездите на Гранд“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button